„Меѓу оние што живееле пред вас имало еден човек кој се здобил со тешка рана. Поради нетрпеливост, зел нож и си ја отсекол раката. Крвта не престанала да тече сè додека не умрел. Тогаш Аллах рече: ,Мојот роб избрза одземајќи ја својата душа – па Јас му го забранувам Џенетот.‘“
Ел-Хасeн: Џундуб бин Абдулах, Аллах нека е задоволен со него, ни го раскажа ова овде, во оваа џамија. Оттогаш не го заборавивме, и не се сомневаме дека Џундуб би излажал за Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем. Тој пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„Меѓу оние што живееле пред вас имало еден човек кој се здобил со тешка рана. Поради нетрпеливост, зел нож и си ја отсекол раката. Крвта не престанала да тече сè додека не умрел. Тогаш Аллах рече: ,Мојот роб избрза одземајќи ја својата душа – па Јас му го забранувам Џенетот.‘“
«كَانَ فِيمَنْ كَانَ قَبْلَكُمْ رَجُلٌ بِهِ جُرْحٌ، فَجَزِعَ، فَأَخَذَ سِكِّينًا فَحَزَّ بِهَا يَدَهُ، فَمَا رَقَأَ الدَّمُ حَتَّى مَاتَ، قَالَ اللَّهُ تَعَالَى: بَادَرَنِي عَبْدِي بِنَفْسِهِ، حَرَّمْتُ عَلَيْهِ الجَنَّةَ».
Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, известил дека меѓу народите пред нас имало човек кој се здобил со тешка рана. Не ја издржал болката и изгубил трпение, па зел нож и си ја отсекол раката, забрзувајќи си ја смртта. Крвта не престанала да тече сè додека не умрел. Тогаш Возвишениот Аллах рекол: „Мојот роб побрза со својата душа – затоа му го забранив (влезот) Џенетот.“
Вредноста на трпението при неволји, и потребата човек да се воздржи од жалење и покажување нетрпеливост поради болката – за да не го доведе тоа до уште поголема штета.
Пренесување на случките од претходните народи кога во нив има поука и корист.
Ибн Хаџер вели: „Во овој хадис има поттик за почитување на Аллаховите одредби и доказ за Неговата милост кон созданијата – бидејќи им го забранил убивањето на самите себе, а душата е сопственост на Аллах.“
Строга забрана за преземање на дејства кои водат до самоубиство, со сериозно предупредување за последиците.
Ибн Хаџер исто така рекол: „Ова укажува дека тој ја пресекол раката со намера да се самоубие – а не како обид за лекување, каде што постои реална надеж за излекување.“
Сахих Ел-Бухари (4/ 170) (3463).
Сахих Муслим (1/ 107) (113).
Повеќе... (5)
فتح الباري.
لابن حجر (3/ 227).
شرح النووي على مسلم (2/ 127).
تيسير العلام شرح عمدة الأحكام.
لعبد الله البسام (ص651).