Skip to content

„Сè е предодредено, дури и немоќта и способноста, или способноста и немоќта.“

Од Тавус се пренесува дека рекол: „Сретнав некои од асхабите на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, кои велеа дека сè е предодредено. Го слушнав Абдулах бин Омер, Аллах нека е задоволен од него, како вели: Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рече:

„Сè е предодредено, дури и немоќта и способноста, или способноста и немоќта.“

«كُلُّ شَيْءٍ بِقَدَرٍ، حَتَّى الْعَجْزِ وَالْكَيْسِ، أَوِ الْكَيْسِ وَالْعَجْزِ».

Го бележи Муслим
Автентичен
Објаснување

Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, објаснил дека сè е предодредено: Дури и немоќта, која во овој контекст се однесува на оставањето на обврските, одложувањето и оддолжувањето на она што треба да се направи во точното време, било да се работи за овосветските или ахиретските дела. Дури и способноста која подразбира активност и вештина при извршување на обврските, без разлика дали се однесуваат на овосветските или ахиретските дела. Возвишениот Аллах ја предодредил и немоќта и способноста, како и сè друго. Ништо не се случува освен според Неговата волја и совршено знаење.

Значење на зборовите

...:

Од придобивките на хадисот

Ова го објаснува верувањето на асхабите, Аллах нека е задоволен од нив, во врска со предодредувањето (кадерот).

Сè што се случува е според Аллаховата одредба, вклучувајќи ја и немоќта и способноста.

Асхабите биле внимателни и прецизни при пренесувањето на хадисите од Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем.

Верувањето во Божјата предодредба ги опфаќа и доброто и злото.

Референци

Сахих Муслим (4/ 2045) (2655).

Повеќе... (3)

إكمال المعلم (8/143).

شرح النووي على مسلم (16/205).

الفتح الرباني لترتيب مسند الإمام أحمد بن حنبل الشيباني (1/ 122).