„Сè што опива во голема количина – забрането е и во мала количина.“
Џабир бин Абдулах, Аллах нека е задоволен со него и со неговиот татко, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„Сè што опива во голема количина – забрането е и во мала количина.“
«مَا أَسْكَرَ كَثِيرُهُ فَقَلِيلُهُ حَرَامٌ».
Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, појаснил дека секоја супстанца – без разлика дали се консумира преку пиење или јадење – која во голема количина го одзема разумот, е забранета и во мала количина, дури и ако не доведува до опивање.
Шеријатот води грижа за заштитата на човечкиот разум.
Овој хадис го потврдува шеријатското правило „затворање на патиштата што водат кон зло“ – забранувајќи го дури и она што може да биде вовед во нешто штетно.
Малата количина од опојната супстанца е забранета, бидејќи претставува пат кон опивањето.
Ако некоја супстанца не опива ниту во мала, ниту во голема количина – не потпаѓа под оваа забрана.
Сунен Ебу Давуд (5/ 523) (3681).
Сунен Тирмизи (3/ 442) (1865).
Сунен Ибн Маџе (4/ 475) (3393).
Муснед на Ахмед ибн Ханбел (23/ 51) (14703).
Повеќе... (3)
فتح ذي الجلال والإكرام بشرح بلوغ المرام (5/ 418).
شرح سنن أبي داود للعباد (417/ 9).
النهاية في غريب الحديث والأثر (437).