Skip to content

العباس بن عبد المطلب بن هاشم

الإسم

Абас бин Абдулмуталиб бин Хашим

اسم الشهرة

Ебу ел Фадл ел Абас ибн Абдулмуталиб – Аллах нека е задоволен со него –

نبذة مختصرة

Ебу ел-Фадл, Абас бин Абдулмуталиб бин Хашим бин Абд Менаф ел-Куреши ел-Хашими бил истакнат асхаб и чичко на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем. Роден е две години пред Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем. Во времето на незнабоштвото му била доверена задачата за напојување на аџиите и одржување на Ќаба. Присуствувал на заклетвата на Акаба со енсариите пред да го прифати исламот. Во битката на Бедр учествувал на страната на многубошците под принуда, но бил заробен, по што се откупил себеси и својот внук Акил бин Ебу Талиб и се вратил во Мека. Се пренесува дека тогаш го прифатил исламот, но го сокривал тоа од својот народ, притоа испраќајќи информации до Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем. Некое време пред освојувањето на Мека, се преселил во Медина, по што учествувал во освојувањето на Мека и останал цврст во битката на Хунејн. Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол за него: „Кој ќе го навреди Абас, ме навредил и мене, бидејќи чичкото на човекот е како неговиот татко.“ Починал во 32-та хиџретска година.

المراجع

Повеќе... (1)
الطبقات الكبرى (4/ 3) الكنى والأسماء للإمام مسلم (2/ 673) تاريخ دمشق لابن عساكر (26/ 273) الأعلام للزركلي (3/262) الإصابة في تمييز الصحابة (3/511).