خالد بن الوليد بن المغيرة المخزومي
الإسم
Халид бин ел-Велид бин ел-Мугире ел-Мехзуми
اسم الشهرة
Халид бин ел-Велид -Аллах нека е задоволен со него-
نبذة مختصرة
Халид бин ел-Велид бин ел-Мугире бин Абдулах бин Омер бин Мехзум ел-Куреши ел-Мехзуми, познат како „Божјиот меч,“ ебу Сулејман, беше истакнат асхаб. Тој беше еден од угледниците на Курејшиите во џахилиетот и учествуваше во битките на страната на неверниците од Курејшиите сè до договорот на Худејбија. Исламот го прифати во седмата година по хиџретот, по битката на Хајбер, а според некои извори, дури и претходно. Со Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, учествуваше во освојувањето на Мека, каде што покажа извонредна храброст. Исто така, се истакна во битките кај Хунејн и Таиф. Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, го испрати да го урне идолот Уза, задача што тој успешно ја изврши. За него Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рече: „Прекрасен Аллахов роб и брат на племето е Халид бин ел-Велид, меч од Божјите мечеви кој Аллах го испрати против неверниците.“ Починал во 21-та хиџретска година.