Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

7 од 841 картички

Исчисти филтри
„Кој ќе изврши престап за кој е пропишана шеријатска казна, па биде казнет за тоа на дуњалукот – Аллах е по праведен за повторно да го казни за истото на Ахирет. А оној што ќе направи престап, па Аллах го покрие и му прости – Аллах е по благороден за да го казни за нешто што веќе му го простил.“
Добар Го бележат Тирмизи и Ибн Маџе
„Кој ќе го крене оружјето против нас – тој не е од нас.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Аллах пропишал обврски – затоа не ги занемарувајте. Поставил граници – затоа не ги преминувајте. Забранил одредени работи – затоа не ги прекршувајте. А за одредени нешта премолчал од милост кон вас, а не од заборав – затоа не распрашувајте за нив.“
Ен-Невеви рекол: „Хадисот е добар (хасен).“ Го бележи Дарекутни во неговиот ,,Сунен“ и други
Некои луѓе од племињата Укл или Урејна дојдоа во Медина, но климата не им одговараше, па се разболеа. Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, им нареди да одат кај камилите што ѝ припаѓале на државната каса и да пијат од нивното млеко и урина. Тие отидоа и оздравеа. Но кога закрепнаа, го убија пастирот на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, ги украдоа камилите и избегаа. Веста за тоа стигна до Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, рано наутро, па тој испрати луѓе по нив. До пладне беа фатени и доведени назад. Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, нареди да им бидат отсечени рацете и нозете, да им бидат извадени очите, и да бидат фрлени на каменита земја – жедни, и никој не им даваше вода. Ебу Килабе рекол: „Овие луѓе – украдоа, убија, отпаднаа од верата откако го примија ислам, и му објавија војна на Аллах и на Неговиот пратеник.“
Автентичен Муттефекун алејхи
дека Али, Аллах нека е задоволен со него, спалил група луѓе. Кога тоа допрело до Ибн Абас, тој рекол: „Да бев јас, немаше да ги спалам, затоа што Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, рекол: ‚Не казнувајте со Аллаховата казна.‘ Но, ќе ги убиев, како што рече Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем: ‚Кој ќе ја промени својата вера — убијте го.‘“
Автентичен Го бележи Бухари
„Не е дозволена крвта на муслиманот, освен во три случаи: оженет кој извршил блуд, човек кој убил друг човек, и оној што ја напуштил својата вера и се издвоил од заедницата.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Раката се отсекува за кражба во вредност од четвртина динар или повеќе.“
Автентичен Муттефекун алејхи