Skip to content

Гробот е првата станица од станиците на Ахиретот – ако човекот се спаси од него, тогаш она што доаѓа потоа ќе биде полесно; но ако не се спаси, тогаш она што следи е уште потешко.‘“

Од Хани, ослободениот роб на Осман, Аллах нека е задоволен со него, се пренесува дека рекол: „Кога Осман ќе застанеше покрај некој гроб, плачеше сè додека не му се навлажнеше брадата од солзи. Му рекоа: ,Те потсетуваме на Џенетот и Џехенемот – и не плачеш, а плачеш кога ќе застанеш покрај гроб?‘ Тој одговори: ,Го слушнав Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, како вели:

Гробот е првата станица од станиците на Ахиретот – ако човекот се спаси од него, тогаш она што доаѓа потоа ќе биде полесно; но ако не се спаси, тогаш она што следи е уште потешко.‘“

«إِنَّ الْقَبْرَ أَوَّلُ مَنْزِلٍ مِنْ مَنَازِلِ الْآخِرَةِ، فَإِنْ نَجَا مِنْهُ فَمَا بَعْدَهُ أَيْسَرُ مِنْهُ، وَإِنْ لَمْ يَنْجُ مِنْهُ فَمَا بَعْدَهُ أَشَدُّ مِنْهُ».

Го бележат Тирмизи и Ибн Маџе
Добар
Објаснување

Владарот на верниците, Осман бин Афан, Аллах нека е задоволен со него, кога ќе застанеше покрај гроб, толку многу плачеше што му се натопуваше брадата од солзи. Му рекоа: „Те потсетуваме на Џенетот и Џехенемот, а не плачеш – ниту од копнеж по Џенетот, ниту од страв од Џехенемот – а плачеш кога ќе застанеш покрај гроб?!“ Тој одговори: „Навистина, Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, нѐ извести дека гробот е првата станица од станиците на Ахиретот – па ако човекот се спаси и се избави од неговата казна, тогаш она што доаѓа потоа ќе биде полесно; но ако не се спаси, тогаш она што следи е уште потешко.“

Од придобивките на хадисот

Приказ на стравот што Осман, Аллах нека е задоволен со него, го имал од Аллах – и покрај тоа што бил од оние на кои им е ветен Џенетот.

Дозволеноста и препорачливоста на плачењето при потсетувањето на состојбите и настаните во гробот и на Судниот ден.

Потврда за постоењето на уживањето(наградата) и на казната во гробот.

Предупредување за казната во гробот.

Референци

Сунен Тирмизи (4/ 130) (2308).

Сунен Ибн Маџе (5/ 333) (4267).

Повеќе... (6)

مشكاة المصابيح.

للتبريزي (1/ 48).

تحفة الأحوذي بشرح جامع الترمذي.

المباركفوري (6/ 490).

مرقاة المفاتيح شرح مشكاة المصابيح.

لعلي القاري (1/ 215).