Skip to content

„Ја прашав Аиша: ,Со што најпрво започнуваше Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, кога ќе влезеше во куќата?‘ Таа одговори: ,Со мисвак.‘“

Шурејх бин Хани раскажува:

„Ја прашав Аиша: ,Со што најпрво започнуваше Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, кога ќе влезеше во куќата?‘ Таа одговори: ,Со мисвак.‘“

سَأَلْتُ عَائِشَةَ، قُلْتُ: بِأَيِّ شَيْءٍ كَانَ يَبْدَأُ النَّبِيُّ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ إِذَا دَخَلَ بَيْتَهُ؟ قَالَتْ: بِالسِّوَاكِ.

Го бележи Муслим
Автентичен
Објаснување

Од праксата на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, било кога ќе влезел во куќата, најпрво да го користи мисвакот, без разлика дали било дење или ноќе.

Од придобивките на хадисот

Пропишаноста на користењето на мисвак важи во секое време, но особено се нагласува во одредени ситуации што шеријатот ги препорачал, како што се: при влегување во куќата, пред намаз, при земање абдест, по будење од сон и при непријатен мирис на устата.

Ова покажува колку табиините биле посветени на прашување за начинот на животот и сунетите на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, за да можат што подобро да го следат неговиот пример.

Земање знаење од оние што се најдобро упатени во одредено прашање, како што е примерот со Аиша, Аллах нека е задоволен со неа, која како негова сопруга најдобро ги знаела неговите навики во домот, па затоа била прашана за тоа.

Убавиот однос на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, кон неговото семејство, бидејќи при влегување во куќата најпрво ја чистел својата уста.

Референци

Сахих Муслим (1/ 220) (253).

Повеќе... (6)

بهجة الناظرين شرح رياض الصالحين.

لسليم الهلالي (2/ 341).

نزهة المتقين شرح رياض الصالحين.

لمجموعة من الباحثين (2/ 851).

المنهاج شرح صحيح مسلم بن الحجاج.

النووي (3/ 144).