Skip to content

„Најлесната казна во Џехенемот ќе ја има оној што ќе носи чевли со ремчиња од оган, од кои неговиот мозок ќе врие како што врие казанот. Тој ќе мисли дека никој не е во потешка казна од него, а всушност, неговата казна ќе биде најлесна од сите.“

Нуман бин Бешир, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:

„Најлесната казна во Џехенемот ќе ја има оној што ќе носи чевли со ремчиња од оган, од кои неговиот мозок ќе врие како што врие казанот. Тој ќе мисли дека никој не е во потешка казна од него, а всушност, неговата казна ќе биде најлесна од сите.“

«إِنَّ أَهْوَنَ أَهْلِ النَّارِ عَذَابًا مَنْ لَهُ نَعْلَانِ وَشِرَاكَانِ مِنْ نَارٍ، يَغْلِي مِنْهُمَا دِمَاغُهُ كَمَا يَغْلِ الْمِرْجَلُ، مَا يَرَى أَنَّ أَحَدًا أَشَدُّ مِنْهُ عَذَابًا، وَإِنَّهُ لَأَهْوَنُهُمْ عَذَابًا».

Муттефекун алејхи
Автентичен
Објаснување

Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, известил дека најлесната казна меѓу жителите на Џехенемот на кијаметскиот ден ќе ја има оној што ќе носи чевли со ремчиња, од чија врелина неговиот мозок ќе врие како што врие бакарениот казан. Тој ќе мисли дека никој не е во потешка казна од него, а всушност, неговата казна ќе биде најлесна, па на тој начин ќе биде казнет душевно и телесно.

Од придобивките на хадисот

Предупредување за грешниците и неверниците од ужасот на џехенемската казна, за да се оддалечат од она што води кон неа.

Степените на казната во Џехенемот се различни, зависно од тежината на делата на оние што ќе влезат во него.

Строгоста на казната во Огнот – Аллах нека нè спаси од неа.

Референци

Сахих Ел-Бухари (8/ 115) (6561).

Сахих Муслим (1/ 196) (213).

Повеќе... (9)

نزهة المتقين شرح رياض الصالحين.

لمجموعة من الباحثين (1/ 366).

كنوز رياض الصالحين.

لمجموعة من الباحثين (6/ 394).

بهجة الناظرين شرح رياض الصالحين.

لسليم الهلالي (1/ 472).

شرح رياض الصالحين.

لابن عثيمين (3/ 295).

المعجم الوسيط (1/ 256).