Skip to content

„Тој што има две жени и повеќе е наклонет кон едната, на Судниот ден ќе дојде, а едната страна ќе му виси.“

Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:

„Тој што има две жени и повеќе е наклонет кон едната, на Судниот ден ќе дојде, а едната страна ќе му виси.“

«مَنْ كَانَتْ لَهُ امْرَأَتَانِ فَمَالَ إِلَى إِحْدَاهُمَا، جَاءَ يَوْمَ الْقِيَامَةِ وَشِقُّهُ مَائِلٌ».

Го бележат Ебу Давуд, Тирмизи, Несаи, Ибн Маџе и Ахмед
Автентичен
Објаснување

Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, известува дека оној што има повеќе од една сопруга, а не постапува праведно меѓу нив според своите можности – во поглед на издршката, живеалиштето, облеката и ноќевањето – на Судниот ден ќе биде казнет така што неговото тело ќе биде навалено на едната страна. Оваа накривеност ќе биде последица на неговата неправда, како што бил наклонет кон едната во својот однос.

Од придобивките на хадисот

Мажот е должен да постапува праведно во распределбата меѓу своите две или повеќе сопруги и забрането му е да биде наклонет кон едната на сметка на другата во она што е во негова контрола, како што се издршката, ноќевањето, однесувањето и слично.

Изедначувањето во правата и распределбата важи за она што човекот го поседува и може да го контролира, додека љубовта и наклонетоста на срцето не спаѓаат во тоа. Ова е значењето на Аллаховите зборови: „Вие нема да можете кон сопругите свои потполно еднакво да постапувате, колку и да го сакате тоа.“ (Ен Ниса, 129)

Наградата или казната ќе бидат според делото – оној што во овој свет бил наклонет кон едната сопруга на сметка на другата, на Судниот ден ќе дојде со накривена страна.

Опасноста од невнимание на правата на луѓето и тоа дека тие не се простуваат лесно, бидејќи се засноваат на лични права и строгата правда.

Пожелно е човекот да се ограничи на една сопруга доколку стравува дека нема да може да биде праведен меѓу нив, за да не направи пропуст во верата. Возвишениот Аллах вели: „А ако се плашите дека нема да бидете праведни, тогаш само со една.“ (Ен Ниса, 3)

Референци

Сунен Ебу Давуд (3/ 469) (2133).

Сунен Несаи (7/ 63) (3942).

Сунен Тирмизи (2/ 434) (1141).

Сунен Ибн Маџе (3/ 143) (1969).

Муснед на Ахмед ибн Ханбел (13/ 320) (7936).

Повеќе... (9)

توضيح الأحكام مِن بلوغ المرام.

لعبد الله البسام (5/ 449).

فتح ذي الجلال والإكرام شرح بلوغ المرام.

لابن عثيمين (4/ 631).

منحة العلام في شرح بلوغ المرام.

لعبد الله الفوزان (7/ 463).

عون المعبود شرح سنن أبي داود.

ومعه حاشية ابن القيم.

محمد أشرف العظيم آبادي (6/ 121).