Skip to content

„Бој се од Аллах каде и да се наоѓаш; по лошото дело направи добро – тоа ќе го избрише; и со луѓето однесувај се убаво.“

Од Ебу Зер, Џундуб бин Џунада, и Ебу Абдурахман, Муаз бин Џебел – Аллах нека е задоволен со двајцата – се пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:

„Бој се од Аллах каде и да се наоѓаш; по лошото дело направи добро – тоа ќе го избрише; и со луѓето однесувај се убаво.“

«اتَّقِ اللَّهَ حَيْثُمَا كُنْت، وَأَتْبِعْ السَّيِّئَةَ الْحَسَنَةَ تَمْحُهَا، وَخَالِقْ النَّاسَ بِخُلُقٍ حَسَنٍ».

Го бележи Тирмизи
Тирмизи рекол: „Хадисот е добар (хасен).“
Објаснување

Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, наредил три работи: Прво: Богобојазливост – тоа значи да се извршуваат наредбите и да се оставаат забраните, во секое време, место и состојба – било тајно или јавно, во благосостојба или при искушение, и во сите други прилики. Прво: Богобојазливост – тоа значи да се извршуваат наредбите и да се оставаат забраните, во секое време, место и состојба – било тајно или јавно, во благосостојба или во искушение, и во сите други прилики. Второ: Кога ќе направиш нешто лошо, по истото нека следи добро дело – како што се намазот, садаката, доброчинството, поврзувањето на роднинските врски или покајанието – затоа што доброто ги брише лошите дела. Трето: Однесувај се со луѓето со убави морални особини – насмевни им се, биди благ, нежен, прави добро и воздржи се од нанесување штета.

Од придобивките на хадисот

Величината на Божјата милост, прошка и благост кон Неговите робови.

Хадисот ги опфаќа трите вида права: – Аллаховото право – преку богобојазливоста, – Правото кон себе – преку извршувањето на добри дела по направените гревови, – Правото кон луѓето – преку убавото однесување и добриот морал кон нив.

Хадисот, исто така, поттикнува на правење добри дела по лошите и на убав однос со луѓето. Овие две особини се дел од богобојазливоста и се спомнати посебно поради нивната голема важност и потребата да бидат појаснети.

Референци

Сунен Тирмизи (3/ 526) (1987).

Повеќе... (7)

Четириесетте хадиси на Ен-Невеви (ص100) (ح18).

التحفة الربانية في شرح الأربعين حديثًا النووية.

لإسماعيل الأنصاري (ص40).

شرح الأربعين النووية.

لابن عثيمين (ص195).

فتح القوي المتين في شرح الأربعين وتتمة الخمسين.

لعبد المحسن البدر (ص67).