تميم بن أوس بن خارجة الداري
الإسم
Темим бин Евс бин Хариџе ед-Дари
اسم الشهرة
Ебу Рукаје Темим ибн Евс ед-Дари – Аллах нека е задоволен со него –
نبذة مختصرة
Темим бин Евс бин Хариса, според други извори: Хариџа бин Суд или Суад бин Џезима бин Зураа бин Ади бин Ед-Дар, познат како Ебу Рукаја ед-Дари, бил истакнат асхаб. Првично бил христијанин, но по неговото доаѓање во Медина го прифатил исламот. Му ја раскажал на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, приказната за Ел-Џасаса и деџалот, која Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, потоа ја пренел на минберот. Ова се сметало за една од неговите истакнати доблести. Темим бил познат по својата преданост кон ноќниот намаз. Една ноќ ја поминал целосно рецитирајќи еден ајет од Куранот: „Дали тие што прават зли дела мислат дека со нив ќе постапиме исто како и со тие што веруваат и што прават добри дела, дека во овој живот и по смртта ќе бидат исти? Колку лошо расудуваат!“ (Ел Џасије, 21). Починал во 40-та хиџретска година.