Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

8 од 841 картички

Исчисти филтри

Степен на хадисот

„Навистина (некои форми на) рукјата, амајлиите и тивелите се дела на ширк.“
Автентичен Го бележат Ебу Давуд, Ибн Маџе и Ахмед
Му реков на Ата бин ебу Рабах: „Сакаш ли да ти покажам една жена од жителите на Џенетот?“ Тој рече: „Сакам.“ Ибн Абас рече: „Оваа црна жена. Таа дојде кај Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, и рече: ,Ми се случуваат напади (паѓам во бесвест), и тогаш ми се открива телото. Замоли Го Аллах за мене.‘ Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, ѝ рече: ,Ако сакаш, биди трпелива, и ќе го добиеш Џенетот. А ако сакаш, ќе се помолам Аллах да те излекува.‘ Таа рече: ,Ќе бидам трпелива. Но, кога ќе имам напад, телото ми се открива – замоли Го Аллах да не се откривам.‘ Тогаш Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, се помоли за неа.“
Автентичен Муттефекун алејхи
Некои луѓе од племињата Укл или Урејна дојдоа во Медина, но климата не им одговараше, па се разболеа. Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, им нареди да одат кај камилите што ѝ припаѓале на државната каса и да пијат од нивното млеко и урина. Тие отидоа и оздравеа. Но кога закрепнаа, го убија пастирот на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, ги украдоа камилите и избегаа. Веста за тоа стигна до Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, рано наутро, па тој испрати луѓе по нив. До пладне беа фатени и доведени назад. Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, нареди да им бидат отсечени рацете и нозете, да им бидат извадени очите, и да бидат фрлени на каменита земја – жедни, и никој не им даваше вода. Ебу Килабе рекол: „Овие луѓе – украдоа, убија, отпаднаа од верата откако го примија ислам, и му објавија војна на Аллах и на Неговиот пратеник.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Џибрил му дојде на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, и го праша: ,О, Мухамед, дали си болен?‘ Тој одговори: ,Да.‘ Тогаш Џибрил рече: ,Со Аллахово име ти учам рукја – од сè што ти наштетува, од злото на секоја душа и од завидливото око. Аллах нека ти даде излекување. Со Аллахово име ти учам рукја.‘“
Автентичен Го бележи Муслим
„Стави ја раката на местото каде те боли, и кажи трипати: „Бисмиллах“ (Во името на Аллах) и кажи седумпати: „Еузу биллахи ве кудретихи мин шерри ма еџиду ве ухазиру“ (Барам заштита со Аллаховата моќ од злото кое го чувствувам и од кое стравувам).
Автентичен Го бележи Муслим
Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, кога ќе посетеше болен човек, се молеше за него и велеше: „Отстрани ја болеста, Господару на луѓето! Излечи го – Ти си Исцелителот! Нема исцелување освен Твоето исцелување – излекување што не остава никаква болест зад себе.“ (Езхибил-бе'се раббен-наси, вешфи ве ентеш-шафи, ла шифае илла шифауке, шифаен ла југадиру секамен)
Автентичен Муттефекун алејхи
„Кој ќе посети болен чиј рок (смрт) сѐ уште не настапил, и седумпати кај него ќе каже: ,Го молам Возвишениот Аллах, Господарот на Величествениот Арш, да те излечи‘ (ес елуллах ел-Азим, раббел аршил Азим, ен јешфијеке) – Аллах ќе го излечи од таа болест.“
Автентичен Го бележат Ебу Давуд, Тирмизи и Ахмед
„,Утре ќе му го дадам знамето на човек преку кого Аллах ќе даде победа. Тој го сака Аллах и Неговиот пратеник, и Аллах и Неговиот пратеник го сакаат него. Сехл рече: ,Луѓето ја поминаа ноќта во исчекување, прашувајќи се кој ќе го добие знамето. Кога осамна, сите се упатија кон Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, надевајќи се дека ќе им го даде знамето. Но тој праша: Каде е Али бин Ебу Талиб?‘ Му одговорија: ,О Божји пратенику, тој се жали на болки во очите.‘ Тогаш рече: ,Повикајте го.‘ Али беше доведен пред него, па Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, плукна во неговите очи и упати дова за него. Болката исчезна, како никогаш да не ја имал. Потоа му го предаде знамето. Али рече: ,О Божји пратенику, дали да се борам со нив додека не станат исти како нас?‘ Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, му одговори: ,Однесувај се смирено додека не стигнеш на нивната територија. Потоа повикај ги во исламот и објасни им ги нивните обврски кон Аллах. Затоа што, се колнам во Аллах дека, ако Аллах преку тебе упати еден човек, тоа е подобро за тебе од поседувањето на црвените камили.‘“
Автентичен Муттефекун алејхи