Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

2 од 841 картички

Исчисти филтри

Степен на хадисот

Ја прашав Аиша, Аллах нека е задоволен со неа: „Што правеше Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, во својот дом?“ Таа одговори: „Им помагаше на своите во домашните работи – односно им служеше – а кога ќе настапеше времето за намаз, излегуваше да клања.“
Автентичен Го бележи Бухари
„Дојдов кај Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, заедно со неколку жени од енсариите, за да му дадеме завет на верност. Рековме: ,О Божји пратенику, ти даваме завет дека нема да Му припишуваме ништо на Аллах, нема да крадеме, нема да правиме прељуба, нема клеветиме никого со она што самите ќе ги измислиме, ниту ќе ти се спротивставуваме во доброто што ќе ни го наредиш.‘ Тој ни рече: ,Според вашата можност и сила.‘ А ние рековме: ,Аллах и Неговиот пратеник се помилостиви кон нас. Повели, прими го нашиот завет, о Божји пратенику!‘ Но тој, салаллаху алејхи ве селем, рече: ,Јас не се ракувам со жени. Моите зборови упатени кон сто жени се исто како да се упатени кон една – или се еднакви на зборовите што ги упатувам кон една жена.‘“
Автентичен Го бележат Тирмизи, Несаи и Ибн Маџе