Skip to content

„Никој од вас нека не дозволи стравот од луѓето да го спречи да ја каже вистината, кога ќе ја види или кога ќе дознае за неа.“

Ебу Сеид ел-Худри, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:

„Никој од вас нека не дозволи стравот од луѓето да го спречи да ја каже вистината, кога ќе ја види или кога ќе дознае за неа.“

«لَا يَمْنَعَنَّ رَجُلًا مِنْكُمْ مَخَافَةُ النَّاسِ أَنْ يَتَكَلَّمَ بِالْحَقِّ إِذَا رَآهُ أَوْ عَلِمَهُ».

Го бележат Тирмизи, Ибн Маџе и Ахмед
Автентичен
Објаснување

Ебу Сеид известува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, често во своите хутби и поуки ги советувал асхабите дека муслиманот не смее – поради страв од луѓето, нивната власт или моќ – да ја премолчи вистината, било да ја видел со свои очи или дознал за неа.

Од придобивките на хадисот

Поттик за јасно и отворено искажување на вистината и забрана таа да се премолчи поради страв од луѓето.

Кажувањето на вистината треба да биде со мудрост и со убав совет.

Наредбата за доброто и забраната на злото е обврска, а Аллаховото право секогаш има предност над стравот, интересите и реакциите на луѓето.

Референци

Сунен Тирмизи (4/ 53) (2191).

Сунен Ибн Маџе (5/ 141) (4007).

Муснед на Ахмед ибн Ханбел (17/ 490) (11403).