Skip to content

„Задолжително е за секој муслиман најмалку еднаш во седум дена да се искапе, при што ќе ја измие главата и телото.“

Од Ебу Хурејре, радијаллаху анху, се пренесува дека рекол: „Аллаховиот Пратеник, саллаллаху алејхи ве селем, вели:

„Задолжително е за секој муслиман најмалку еднаш во седум дена да се искапе, при што ќе ја измие главата и телото.“

«حَقٌّ عَلَى كُلِّ مُسْلِمٍ أَنْ يَغْتَسِلَ فِي كُلِّ سَبْعَةِ أَيَّامٍ يَوْمًا، يَغْسِلُ فِيهِ رَأْسَهُ وَجَسَدَهُ».

Муттефекун алејхи
Автентичен
Објаснување

Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, нè известил дека е обврска за секој разумен и полнолетен муслиман да се искапе еднаш неделно, при што ќе ја измие главата и телото, со цел да се очисти и уреди. Најприкладен ден за ова капење е петок, како што се подразбира од други верзии на хадисот. Капењето во петок, пред џума-намазот, е силно препорачано (потврден сунет), дури и ако некој се избањал ден претходно — во четврток. Доказ дека тоа капење не е строго задолжително е изјавата на Аиша, радијаллаху анха: „Луѓето работеа напорно и доаѓаа на џума во својата работна облека, па им беше речено: ,Уште кога би се избањале‘“. – го пренесува Бухари. Во друга негова верзија се додава: „Имаше непријатен мирис – како потење и слично – па сепак им беше само препорачано: „Уште кога би се избањале“. А ако за нив не беше задолжително, тогаш за другите е уште помалку.

Значење на зборовите

...:

Од придобивките на хадисот

Хадисот ја истакнува грижата и вниманието што исламот му го посветува на чистотата и телесната уредност

Капењето во петок за џума-намазот е силно препорачана пракса (потврден сунет).

Главата е посебно спомната, иако е дел од телото, за да се укаже на нејзината важност.

Обврзан е да се избања секој кај кого се чувствува непријатна миризба што им пречи на луѓето.

Најпотврдениот ден за капење е петок – поради неговата вредност.

Референци

Сахих Ел-Бухари (2/ 5) (897).

(2/ 7) (903).

Сахих Муслим (2/ 582) (849).

Повеќе... (3)

عمدة القاري شرح صحيح البخاري (6/ 193).

إرشاد الساري لشرح صحيح البخاري (2/ 169).

التيسير بشرح الجامع الصغير للمناوي (1/951).