Skip to content

„Ние сме последниот умет, но првите што ќе бидат повикани на пресметка

Ибн Абас, Аллах нека е задоволен со него и неговиот татко, пренесува дека Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, рекол:

„Ние сме последниот умет, но првите што ќе бидат повикани на пресметка. Ќе се рече: ,Каде е неписмениот умет и неговиот пратеник?’ Така, ние сме последни по време, а први на Судниот ден.“

«نَحْنُ آخِرُ الأُمَمِ، وَأَوَّلُ مَنْ يُحَاسَبُ، يُقَالُ: أَيْنَ الأُمَّةُ الأُمِّيَّةُ وَنَبِيُّهَا؟ فَنَحْنُ الآخِرُونَ الأَوَّلُونَ».

Го бележи Ибн Маџе
Автентичен
Објаснување

Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, известил дека неговиот умет е последниот меѓу народите по постоење и по време, но првите што ќе бидат повикани на пресметка на Судниот ден. Тогаш ќе се рече: „Каде е неписмениот умет и неговиот Пратеник?“ – а тоа се припишува на неговата неписменост, салаллаху алејхи ве селем, во однос на непознавање на читањето и пишувањето. Значи, ние сме последни по време и постоење, но први во пресметката на Судниот ден и први што ќе влезат во Џенетот.

Од придобивките на хадисот

Ова е доказ за одличието на овој умет над сите претходни народи.

Референци
Повеќе... (3)

حاشية السندي على سنن ابن ماجه (2/575).

ذخيرة العقبى في شرح المجتبى (16/52).

مرشد ذوي الحجا والحاجة إلى سنن ابن ماجه (26/241).