Skip to content

أم حكيم بنت الحارث بن هشام

الإسم

Уму Хаким бинт ел Харис бин Хишам

اسم الشهرة

Уму Хаким бинт ел Харис, Аллах нека е задоволен со неа

نبذة مختصرة

Уму Хаким бинт ел Харис бин Хишам бин ел Мугире ел-Махзумије била истакната сахабијка. Присуствувала на битката кај Ухуд во редовите на многубошците, потоа го примила исламот за време на освојувањето на Мека. Нејзиниот сопруг, Икриме бин Ебу Џехл, побегнал во Јемен. Со дозвола од Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, таа заминала кај него, го убедила да се врати и тој го примил исламот. Подоцна, Уму Хаким го придружувала својот сопруг во битката против Византијците, каде што тој станал шехид. По неговата смрт, се омажила за Халид бин Сеид бин ел-Ас непосредно пред битката кај Мерџ ес-Суфар, јужно од Дамаск. Кога Халид беше убиен во таа битка, Уму Хаким ја стегна својата облека, се појави со траги од мирис на шафран и учествуваше во борбата. Битката се водеше покрај реката, кај мостот што подоцна беше наречен мостот на Уму Хаким. Во текот на битката, таа со столб од шаторот уби седум Византијци, пред и самата да стане шехид во 14-та хиџретска година.

المراجع

Повеќе... (1)
الطبقات الكبرى (8/ 205)، الاستيعاب في معرفة الأصحاب (4/ 1932)، أسد الغابة (7/ 309)، الإصابة في تمييز الصحابة (8/ 379)، الأعلام للزركلي (2/269).