Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

17 од 841 картички

Исчисти филтри
Пратеникот ﷺ изговарал текбир (Аллаху Екбер) во секој намаз — било задолжителен или доброволен, во рамазан и надвор од него. Велеше „Аллаху Екбер“ кога ќе станеше за намаз, потоа „Аллаху Екбер“ кога ќе се поклонуваше (на руку), потоа велеше: „Сами‘а-ллаху лимен хамидех“ (Аллах го слуша оној што Го фали), па: „Раббенаа ве лекел-хамд“ (Господару наш, Тебе Ти припаѓа пофалбата) — пред да падне ничкум на сеџда. Потоа велеше „Аллаху Екбер“ кога ќе се наведнеше за сеџда, потоа „Аллаху Екбер“ кога ќе ја подигнеше главата од сеџда, па повторно „Аллаху Екбар“ кога ќе отидеше на втора сеџда, и пак „Аллаху Екбер“ кога ќе се застанеше на нозе по неа. Исто така, велеше „Аллаху Екбер“ кога ќе станеше од седењето по вториот рекат. Тоа го правеше во секој рекат, сè додека не го завршеше намазот. А потоа, откако ќе завршеше, велеше: „И се колнам во Оној во Чија рака е мојата душа, навистина јас сум најсличен во својот намаз на намазот на Пратеникот ﷺ. Ваков беше неговиот намаз сè додека не замина од овој свет.“
Автентичен Муттефекун алејхи
дека дошол кај Аллаховиот Пратеник, саллаллаху алејхи ве селлем, и му рекол: „,О Аллахов Пратенику, шејтанот се испречува помеѓу мене и мојот намаз и моето читање (Куран), и ми ги меша мислите.‘ Па Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: ,Тоа е шејтанот по име Хинзеб. Кога ќе го почувствуваш неговото присуство, побарај заштита кај Аллах од него, и плукни трипати налево (со лесно исфрлување на здив, без плунка).‘“ Осман рекол: „Па го направив тоа, и Аллах го оддалечи од мене.“
Автентичен Го бележи Муслим
,Кога ќе се станете за намаз, порамнете ги редовите (сафовите). Потоа, некој од вас нека ве предводи. Кога тој ќе изговори текбир, изговорете го и вие. А кога ќе каже: ,Гајрил Магдуби Алејхим Велед-Даллин‘ (а не на патот на оние врз коишто гневот Свој го разлеа, ниту патот на оние што во заблуда скршнаа!) (ел-Фатиха: 7), кажете: Амин, и Аллах ќе ви одговори. Кога имамот ќе изговори текбир и ќе се поклони на руку, и вие изговорете текбир и поклонете се, бидејќи имамот се поклонува пред вас и се издигнува пред вас.‘ Потоа, Пратеникот ﷺ рече: ,Ова е за возврат на тоа.‘ ,Кога имамот ќе каже: Семи‘а-Ллаху лимен хамидех’ (Аллах го слуша оној што Го фали), вие кажете: ,Аллахумме раббена ле-кел-хамд‘ (О Аллах, Господару наш, Тебе Ти припаѓа пофалбата), и Аллах ќе ве чуе. Зашто, Аллах — благословен и возвишен е Тој — вели преку јазикот на Својот Пратеник ﷺ: ,Семи‘а-Ллаху лимен хамидех.‘‘ (Аллах го слуша оној што Го фали). А кога ќе изговори текбир и ќе падне на сеџда, и вие изговорете текбир и направете сеџда, зашто имамот паѓа на сеџда пред вас и се издигнува пред вас.‘ Потоа, Пратеникот ﷺ рече: ,Ова е за возврат на тоа.‘ ,А кога ќе седнете на тешехуд (последното седење), нека првото што ќе го каже некој од вас биде: Ет-техијјату Ет-тајјибату Ес-салавату лиллaхи, ес-селаму ‘алејке ејјухен-небију ве рахметуллахи ве берекатух, ес-селаму ‘алејна ве ‘ала ‘ибадиллахис-салихин, ешхеду ен лā илахе илла-Ллах, ве ешхеду енне Мухаммеден ‘абдуху ве расулух.‘ (Сите поздрави, благослови и молитви му припаѓаат на Аллах. Нека е мир врз тебе, о Пејгамбере, и милоста и благословот на Аллах. Нека е мир врз нас и врз праведните Аллахови робови. Сведочам дека нема друг бог освен Аллах, и сведочам дека Мухаммед е Негов роб и Пратеник.)
Автентичен Го бележи Муслим
дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, ги кревал рацете до висината на рамениците кога ќе го започнел намазот, и кога ќе изговорел текбир при преминување на руку и кога ќе ја кренел главата од руку, исто така ги кревал рацете на истиот начин. Потоа велел: „Семиаллаху лимен хамидех, раббена ве лекел хамд.“ Но, тоа не го правел при извршувањето на сеџда.
Автентичен Муттефекун алејхи
Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, кога ќе се исправеше од руку‘, велеше: Семи'a-аллaху ли-мен хамидех, Аллaхумме раббенa леке-л-хамд, мил'е-с-семaвати ве мил'е-л-арди ве мил'е ма ши'те мин шеј'ин ба'д." (Аллах го слуша оној кој Му се заблагодарува. О Аллах, Господару наш! Тебе Ти припаѓа секоја благодарност — благодарност што ќе ги исполни небесата и Земјата, и благодарност што ќе го исполни сѐ што Ти ќе посакаш над тоа.)
Автентичен Го бележи Муслим
„Алаховиот пратеник, алејхи селам, ми го научи тешехудот, додека дланката ми беше помеѓу неговите дланки, како што ме подучуваше на сура од Куранот. ,Ет-техијату лиллахи вес-салавату вет-тајибату, ес-селаму алејке ејјухен-небију ве рахметуллахи ве берекатуху, ес-селаму алејна ве ‘ала ибадилахис-салихин. Ешхеду ен ла илахе иллаллаху ве ешхеду енне Мухамеден абдуху ве ресулуху (Сите пофалби му припаѓаат на Аллах, благословите и добрите дела; мир над тебе, Веровеснику, и нека е Аллаховата милост и мир над тебе и над нас и над добрите робови Аллахови. Сведочам дека нема вистински бог освен Аллах и сведочам дека Мухамед е Негов слуга и Негов Пратеник.)‘“ Во друг хадис на Бухари и Муслим стои: „Аллах е Селам, кога некој од вас ќе седне на тешехуд во намазот, нека каже: ,Ет-техијату лиллахи вес-салавату вет-тајјибату, ес-селаму алејке ејјухен-небијју ве рахметуллахи ве берекатуху, ес-селаму алејна ва ала ибадилахис-салихин‘, кога ќе го каже тоа, секој добар Аллахов слуга на небесата и на Земјата ќе биде поздравен со тој селам. ,Ешхеду ен ла илахе илалаху ве ешхеду енне Мухамеден абдуху ве Ресулуху‘, А потоа, нека го моли Аллах за сѐ што сака.“
Автентичен Муттефекун алејхи
Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, еднаш влегол во џамијата. По него влегол еден човек, клањал, а потоа дошол и го поздравил со селам Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем. Пратеникот му возвратил на селамот и му рекол: „Врати се и клањај – затоа што не клањаше како што треба.“ Човекот се вратил и повторно клањал на ист начин, па повторно дошол и го поздравил со селам. Пратеникот повторно му рекол: „Врати се и клањај – затоа што не клањаше како што треба.“ Тоа му го повторил трипати. Тогаш човекот рекол: „Се колнам во Оној Кој те пратил со вистината – не знам подобро од ова. Научи ме!“ Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, му рече: „Кога ќе станеш за намаз – изговори текбир. Потоа цитирај од Куранот она што ти е олеснето (што не ти предизвикува потешкотија). Потоа оди на руку – сè додека не се смириш на руку. Потоа исправи се – сè додека не застанеш целосно исправено. Потоа падни на сеџда – сè додека не се смириш на сеџда. Потоа стани од сеџда и седни – сè додека не се смириш во таа положба. Потоа направи го тоа во текот на целиот намаз.“
Автентичен Муттефекун алејхи
Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, на двата реката на сабахскиот сунет ги рецитирал сурите „Кул ја ејјухел кафирун“ на првиот рекат и „Кул хуваллаху ехад“ на вториот.
Автентичен Го бележи Муслим