Skip to content

Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, на двата реката на сабахскиот сунет ги рецитирал сурите „Кул ја ејјухел кафирун“ на првиот рекат и „Кул хуваллаху ехад“ на вториот

Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека

Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, на двата реката на сабахскиот сунет ги рецитирал сурите „Кул ја ејјухел кафирун“ на првиот рекат и „Кул хуваллаху ехад“ на вториот.

أَنَّ رَسُولَ اللهِ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ قَرَأَ فِي رَكْعَتَيِ الْفَجْرِ: {قُلْ يَا أَيُّهَا الْكَافِرُونَ}، وَ{قُلْ هُوَ اللهُ أَحَدٌ}.

Го бележи Муслим
Автентичен
Објаснување

Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, преферирал во двата реката на сабахскиот сунет, по Фатиха, на првиот рекат да ја рецитира сурата „Кул ја ејјухел кафирун“ (Ел-Кафирун), а во вториот „Кул хуаллаху ехад“ (Ел-Ихлас).

Од придобивките на хадисот

Препорачливо е по Фатиха на сабахскиот сунет да се рецитираат овие две сури.

Овие две сури се нарекуваат и „Сури на искреноста“, бидејќи во сурата Ел-Кафирун има отфрлање на сè што мушриците го обожуваат освен Аллах, како и потврда дека тие, поради нивниот ширк, не се вистински Аллахови робови, бидејќи нивните дела се поништени, а само Аллах е Единствениот достоен за обожување. Додека во сурата Ел-Ихлас има потврда на Аллаховото едноштво (тевхид), искреноста во обожувањето кон Него и појаснување на Неговите својства.

Референци

Сахих Муслим (1/ 502) (726).

Повеќе... (2)

توضيح الأحكام مِن بلوغ المرام.

لعبد الله البسام (2/ 390).