Skip to content

„,Аллах и Неговиот пратеник го забранија продавањето на виното, мршината, свињата и идолите.‘

Џабир бин Абдулах, Аллах нека е задоволен со него, раскажува дека го слушнал Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, како додека бил во Мека во годината на освојувањето, вели:

„,Аллах и Неговиот пратеник го забранија продавањето на виното, мршината, свињата и идолите.‘ Некој го праша: ,О, Божји пратенику, а што е со лојот од мршината? Таа се користи за премачкување на бродовите, за обработка на кожата и како гориво за светилките.‘ Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, одговори: ,Не, тоа е харам.‘ Потоа додаде: ,Аллах нека ги уништи евреите! Кога Аллах им го забрани лојот, тие го растопија, го продадоа и јадеа од парите што ги добија за неа.‘“

«إِنَّ اللَّهَ وَرَسُولَهُ حَرَّمَ بَيْعَ الخَمْرِ، وَالمَيْتَةِ وَالخِنْزِيرِ وَالأَصْنَامِ»، فَقِيلَ: يَا رَسُولَ اللَّهِ، أَرَأَيْتَ شُحُومَ المَيْتَةِ، فَإِنَّهَا يُطْلَى بِهَا السُّفُنُ، وَيُدْهَنُ بِهَا الجُلُودُ، وَيَسْتَصْبِحُ بِهَا النَّاسُ؟ فَقَالَ: «لاَ، هُوَ حَرَامٌ»، ثُمَّ قَالَ رَسُولُ اللَّهِ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ عِنْدَ ذَلِكَ: «قَاتَلَ اللَّهُ اليَهُودَ إِنَّ اللَّهَ لَمَّا حَرَّمَ شُحُومَهَا جَمَلُوهُ، ثُمَّ بَاعُوهُ، فَأَكَلُوا ثَمَنَهُ».

Муттефекун алејхи
Автентичен
Објаснување

Џабир бин Абдулах, Аллах нека е задоволен со него, слушнал како Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, во годината на освојувањето, додека бил во Мека, вели: „,Аллах и Неговиот пратеник го забранија продавањето на виното, мршината, свињата и идолите.‘ Некој тогаш праша: ,О, Божји пратенику, дали ни е дозволено да ја продаваме маста од мршината? Бидејќи со неа се премачкуваат бродовите, се обработуваат кожите и со неа ги палат своите светилки.‘ Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, одговори: ,Не, нејзината продажба е харам.‘ Потоа додаде: ,Аллах нека ги уништи и проколне евреите! Кога Аллах им ја забрани маста од стоката, тие ја стопија, ја продадоа и јадеа од нејзината цена.‘“

Од придобивките на хадисот

Имамот Невеви вели: „Што се однесува до мршината, виното и свињата, муслиманите се едногласни во забраната за нивна продажба.“

Ел-Кади рекол: „Овој хадис укажува дека она што не е дозволено да се јаде и од што не е дозволено да се има корист, не смее да се продава, ниту е дозволено да се јаде од неговата цена, како што се спомнува за мастите во хадисот.“

Ибн Хаџер вели: „Контекстот на хадисот ја потврдува исправноста на толкувањето на мнозинството, дека забраната се однесува на продажбата, а не на користењето.“

Секое иле со кое се настојува да се направи дозволено она што е забрането, е невалидно.

Имамот Невеви, исто така, вели: „Учените заклучиле дека општата забрана за продажба на мрши подразбира и тоа дека не е дозволено да се продаде телото на неверник кого сме го убиле, дури и ако неверниците понудат откуп. Во хадисот се спомнува дека Невфел бин Абдулах ел-Махзуми бил убиен од муслиманите за време на битката на Хендек, а неверниците му понудиле на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, десет илјади дирхеми за неговото тело, но тој ја одбил понудата и им го предал без откуп.“

Референци

Сахих Ел-Бухари (3/ 84) (2236).

Сахих Муслим (3/ 1207) (1581).

Повеќе... (9)

التحفة الربانية في شرح الأربعين حديثًا النووية.

(ص97).

فتاوى اللجنة الدائمة - المجموعة الأولى- اللجنة الدائمة للبحوث العلمية والإفتاء (22/ 506).

الشرح الممتع على زاد المستقنع.

لابن عثيمين (1/ 71).

كشف اللثام شرح عمدة الأحكام.

لمحمد السفاريني الحنبلي (4/ 557).

تيسير العلام شرح عمدة الأحكام.

لعبد الله البسام (ص479).