„Возвишениот Аллах ќе им рече на жителите на Џенетот: ,О, жители на Џенетот!‘ Тие ќе одговорат: ,Ти се одѕиваме, Господару наш!‘ Потоа Аллах ќе праша: ,Дали сте задоволни?‘ Тие ќе речат: ,Како да не бидеме задоволни кога ни го даде она што не си му го дал на ниту едно од твоите созданија?‘
Од Ебу Сeид ел-Худри, Аллах нека е задоволен со него, се пренесува дека рекол: Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„Возвишениот Аллах ќе им рече на жителите на Џенетот: ,О, жители на Џенетот!‘ Тие ќе одговорат: ,Ти се одѕиваме, Господару наш!‘ Потоа Аллах ќе праша: ,Дали сте задоволни?‘ Тие ќе речат: ,Како да не бидеме задоволни кога ни го даде она што не си му го дал на ниту едно од твоите созданија?‘ Тогаш Аллах ќе рече: ,Ќе ви дадам нешто уште повредно од тоа.‘ Тие ќе прашаат: ,Господару наш, а што е повредно од тоа?‘ Аллах ќе одговори: ,Ќе го спуштам Моето задоволство врз вас, и потоа никогаш нема да се налутам на вас.‘“
«إِنَّ اللَّهَ تَبَارَكَ وَتَعَالَى يَقُولُ لِأَهْلِ الجَنَّةِ: يَا أَهْلَ الجَنَّةِ؟ فَيَقُولُونَ: لَبَّيْكَ رَبَّنَا وَسَعْدَيْكَ، فَيَقُولُ: هَلْ رَضِيتُمْ؟ فَيَقُولُونَ: وَمَا لَنَا لاَ نَرْضَى وَقَدْ أَعْطَيْتَنَا مَا لَمْ تُعْطِ أَحَدًا مِنْ خَلْقِكَ؟ فَيَقُولُ: أَنَا أُعْطِيكُمْ أَفْضَلَ مِنْ ذَلِكَ، قَالُوا: يَا رَبِّ، وَأَيُّ شَيْءٍ أَفْضَلُ مِنْ ذَلِكَ؟ فَيَقُولُ: أُحِلُّ عَلَيْكُمْ رِضْوَانِي، فَلاَ أَسْخَطُ عَلَيْكُمْ بَعْدَهُ أَبَدًا».
Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, известил дека Возвишениот Аллах ќе им се обрати на жителите на Џенетот и ќе рече: „О, жители на Џенетот!“ Тие ќе одговорат: „Ти се одѕиваме, Господару наш!“ Потоа Аллах ќе праша: „Дали сте задоволни?“ Тие ќе одговорат: „Да, Господару, задоволни сме! Како да не бидеме задоволни кога ни го даде она што не си му го дал на никое од твоите созданија!“ Тогаш Аллах ќе рече: „А зарем да не ви дадам нешто уште повредно од тоа?“ Тие ќе прашаат: „Господару наш, а што може да биде повредно од тоа?“ Аллах ќе одговори: „Ќе го спуштам Моето трајно задоволство врз вас, и потоа никогаш повеќе нема да се налутам на вас.“
Возвишениот Аллах ќе разговара со жителите на Џенетот.
Аллах ќе им ја соопшти радосната вест на жителите на Џенетот дека е задоволен со нив, дека ќе го спушти Неговото трајно задоволство врз нив и ќе им каже дека никогаш нема да се налути на нив.
Сите жители на Џенетот ќе бидат задоволни со својата состојба, иако нивните положби и степени се различни, затоа што сите тие ќе одговорат со истите зборови: „Ни го даде она што не си му го дал на ниту едно од твоите созданија.“
Сахих Ел-Бухари (8/ 114) (6549).
Сахих Муслим (4/ 2176) (2829).
Повеќе... (6)
كنوز رياض الصالحين.
لمجموعة من الباحثين.
نزهة المتقين شرح رياض الصالحين.
مجموعة من الباحثين (2/ 1293).
بهجة الناظرين شرح رياض الصالحين.
لسليم الهلالي (3/ 348).