Зошто е создадено злото?
- محاور التعريف بالإسلام
- الغاية من خلق الإنسان ومعنى الحياةالخير والشر
- مصدر الإجابة
- قسم الإيمان
- الباب / الفصل
- (قسم الإيمان)
السؤال
Зошто е создадено злото?
الجواب
Не е соодветно да се поставува прашањето зошто Аллах го создал злото, ниту да се приговара на тоа; бидејќи Возвишениот Аллах е Создателот и Тој не се прашува за она што го прави, туку Тој е Оној Кој прашува. Возвишениот вели:
„Тој нема да биде прашан за тоа што го прави, а тие ќе бидат прашани.“
(Ел Енбија, 23)
Што се однесува до дел од мудроста во постоењето и создавањето на доброто и злото, таа е следнава:
– Искушение и испит за шеријатски полнолетната и одговорна личност – преку доброто и злото, за да се разликува трпеливиот од нетрпеливиот и верникот од неверникот. Возвишениот вели:
„Тој што ги даде смртта и животот за да ве искуша кој од вас подобро ќе постапува; Тој е Силниот, Тој што простува.“
(Ел Мулк, 2)
Возвишениот исто така вели:
„Ние ве ставаме на искушение и во добро и во зло и Нам ќе ни се вратите.“
Аллах ги создал Своите робови на овој свет, им наредил нешта и им забранил нешта, и ги ставил на искушение со добро и зло, со богатство и сиромаштија, со чест и понижување, со живот и смрт – како испит од Него, за да искуша кој од нив ќе прави најдобри дела, кој ќе подлегне пред искушенијата, а кој ќе се спаси.
„И Нам ќе ни се вратите.“
Па ќе бидете наградени според вашите дела: ако се добри – со добро, а ако се лоши – со зло.
„А Господарот твој не е неправеден кон робовите Свои.“
- Остварување на дуалноста во универзумот; доброто не може да се спознае освен преку познавањето на злото, бидејќи нештата се разликуваат преку своите спротивности. Злото е нужно за постоењето на доброто, затоа што претставува спротивставување на него. Доброто и злото, како и променливоста на човекот меѓу нив, се составен дел од природата на овој свет.
- Злото е релативна појава; она што некои го сметаат за зло, други можат да го сметаат за добро. Така на пример, отсекувањето на раката на крадецот е зло за него, но во себе содржи добро за општеството, бидејќи претставува средство за одвраќање на луѓето од посегање по имотот на другите.
- Остварување на вистинската смисла на праведното ставање на испит на шеријатскиот обврзник, бидејќи Возвишениот Аллах му го појаснил на човекот патот на доброто и злото и му дал слобода да избере меѓу нив.
Возвишениот Аллах, вели:
„Зарем не му дадовме очи две
и јазик и усни две
и доброто и злото му ги објаснивме?“
(Ел Белед, 8-10)
Односно: Зарем не му дадовме две очи со кои гледа, и јазик и две усни со кои зборува, и му го покажавме патот на доброто и злото?
Многу од злата што ги гледаме не се зло во целосна смисла, туку во себе носат и добро. Колку големо добро често се крие во она што го сметаме за лошо. Така, човек може да се разболи, а токму таа болест да го оддалечи од уште поголемо зло. Може да изгуби некоја финансиска зделка, која, доколку ја добиеше, можеби ќе го одведеше во вообразеност и себичност. Може да му умре дете кое, доколку останеше живо, можеби ќе му донесеше тешка несреќа. А може човекот, поради своите дела, да го заслужи Огнот — што е вистинската катастрофа — па Аллах да го стави на искушение со некоја неволја, при која тој ќе се стрпи, и за тоа трпение да го награди со Џенет — што е вистинското и вечно добро.
Возвишениот Аллах не создава чисто зло, ниту пак злото Му се припишува, како што стои во веродостојниот хадис, во кој Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„А злото не Ти се припишува Тебе.“
(Муслим)
Од мудростите зад постоењето на доброто и злото е тоа што преку нив се покажува моќта на Севишниот Господар во создавањето на спротивностите, како и тоа што преку нив се откриваат значењата на Неговите имиња што укажуваат на надмоќ; односно, Возвишениот Аллах преку Своите дела ги покажува значењата на Неговите имиња, како што се тоа што Тој е Силниот, Оној Кој казнува, Праведниот и други. Возвишениот вели:
„Аллах создаде седум небеса и исто толку земји; Неговата наредба до сите нив достигнува за да знаете дека Аллах е моќен за сè и дека Аллах со знаењето Свое опфаќа сè!“
(Ет Талак, 12)
Злата не се посакувани сами по себе, ниту се целта поради која се создадени созданијата. Тие се случувања одредени за некоја посакувана цел и поставени како средство кон неа. Кога ќе се оствари она за што се одредени, тие исчезнуваат и се губат, и сè се враќа кон чистото добро.
Никој не може да ја разбере мудроста зад постоењето на злото сè додека не биде убеден дека овој свет е привремен, дека е место на искушение, испит и несовршеност, и дека оној што очекува во него да види апсолутно совршенство, и се спротивставува на божествената мудрост која одредила Ахиретот (оној свет) да биде местото на совршенството.
Возвишениот Аллах пренесувајќи ни ги зборовите на оној што поверувал вели:
„О, народе мој, животот на овој свет е само минливо уживање, а оној свет е навистина вечната Куќа.“
(Гафир, 39)
المصدر
ملاحظات
--