9 : 117
لَّقَد تَّابَ ٱللَّهُ عَلَى ٱلنَّبِيِّ وَٱلۡمُهَٰجِرِينَ وَٱلۡأَنصَارِ ٱلَّذِينَ ٱتَّبَعُوهُ فِي سَاعَةِ ٱلۡعُسۡرَةِ مِنۢ بَعۡدِ مَا كَادَ يَزِيغُ قُلُوبُ فَرِيقٖ مِّنۡهُمۡ ثُمَّ تَابَ عَلَيۡهِمۡۚ إِنَّهُۥ بِهِمۡ رَءُوفٞ رَّحِيمٞ
Аллах му прости на Веровесникот, и на мухаџирите и на енсариите, кои во тешкиот час го следеа, во времето кога срцата на некои од нив за малку не се поколебаа: Тој потоа и на нив им прости, бидејќи Тој кон нив е Благ и Милостив.
Explanation & meanings · 1
- Во месецот реџеб, деветтата година по хиџра стигнала вест во Медина дека силна византиска војска од Сирија се подготвува да ја нападне Медина. Мухамед, Божјиот мир нека биде над него, веднаш ги повикал муслиманите што побргу да се подготват за одбрана. Овој поход во историјата на исламот е познат под името Походот на Тебук.