يُولِجُ ٱلَّيۡلَ فِي ٱلنَّهَارِ وَيُولِجُ ٱلنَّهَارَ فِي ٱلَّيۡلِ وَسَخَّرَ ٱلشَّمۡسَ وَٱلۡقَمَرَۖ كُلّٞ يَجۡرِي لِأَجَلٖ مُّسَمّٗىۚ ذَٰلِكُمُ ٱللَّهُ رَبُّكُمۡ لَهُ ٱلۡمُلۡكُۚ وَٱلَّذِينَ تَدۡعُونَ مِن دُونِهِۦ مَا يَمۡلِكُونَ مِن قِطۡمِيرٍ
Тој ја воведува ноќта во ден и го воведува денот во ноќ, Тој ги потчини Сонцето и Месечината, секој се движи до рокот одреден; ете, тоа ви е Аллах, Господарот ваш, царството е Негово! А тие кои, покрај Него, ги обожувате не поседуваат ништо, ни колку тенката обвивка на урмината семка.