Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

9 од 841 картички

Исчисти филтри

Степен на хадисот

„Еден ден, Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, стана во толпата и ни одржа говор заради кој срцата ни затреперија а очите ни се насолзија, па рековме: ,О, Пратенику, ова како да е проштален говор, затоа остави ни аманет.‘ Тој рече: ,Плашете се од Семоќниот Аллах и бидете им покорни и послушни на важите водачи, дури тој да е и некој абисински роб. После мене ќе видите големи несогласувања, затоа, држете се до мојата традиција и традицијата на хулефаи рашидин – праведните и упатените халифи, загризете ја таа традиција со катниците и од ново-воведените работи во верата, бидејќи секоја измислена работа води кон заблуда.‘“
Автентичен Го бележат Ебу Давуд, Тирмизи, Ибн Маџе и Ахмед
„,Ќе му го дадам ова знаме на човек кој ги сака Аллах и Неговиот Пратеник, и Аллах ќе му даде победа од неговите раце.‘ Омер бин Хатаб рече: ,Само на тој ден посакував да бидам предводник, се истакнав надевајќи дека ќе бидам повикан.‘ Потоа додаде: ,Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, го повика Али бин ебу Талиб, му го даде знамето и рече: Оди и немој да се свртуваш сè додека Аллах не ви даде победа‘. Кажа: Али отиде малку, а потоа застана без да се сврти, и извика: ,О, Аллахов Пратенику, за што да се борам со луѓето?‘ Тој одговори: ,Бори се со нив додека не сведочат дека нема друг бог освен Аллах и дека Мухамед е Аллахов Пратеник. Ако го направат тоа, ќе им се поштеди нивниот живот и нивното богатство ќе биде сигурно, освен кога правото бара поинаку, а нивната пресметка е кај Аллах.‘”
Автентичен Го бележи Муслим
,Ве советувам со богобојазливост кон Аллах, и со слушање и покорување, дури и ако со вас владее роб. Навистина, оној што ќе живее од вас по мене, ќе види многу разидувања. Затоа држете се за мојот Сунет и за Сунетот на праведните, упатени халифи – цврсто држете се за нив со забите. И пазете се од новотариите, затоа што секоја новотарија е заблуда.‘“
Автентичен Го бележат Ебу Давуд и Тирмизи
дошол до Црниот камен, го бакнал и рекол: „Знам дека си само камен – не нанесуваш штета, ниту носиш корист. И да не го видов Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, како те бакнува, никогаш немаше да те бакнам.“
Автентичен Муттефекун алејхи
Слушнав како Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, пет ноќи пред неговата смрт, вели: „ При Аллах барам заштита ако некого друг освен Аллах земам за близок пријател. Јас сум Аллахов миленик како што Аллахов миленик беше Ибрахим, алејхи селам. Доколку некого од луѓето ќе го прогласев за мој многу близок пријател тоа ќе беше Ебу Бекр, но мој најблизок (халил) е Аллах. Навистина, народите пред вас гробовите на Божјите пратеници ги претворија во џамии, вие тоа немојте да го правите – јас тоа ви го забранувам.“
Автентичен Го бележи Муслим
од Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, пренесува дека тоој за енсариите рекол: „Нив ги сака само верникот, а ги мрази само лицемерот. Кој ги сака, Аллах го сака и него, а кој ги мрази, Аллах таквиот го мрази."
Автентичен Муттефекун алејхи
дека Пратеникот ﷺ го забележал отсуството на Сабит ибн Кајс, па прашал за него. Еден човек рекол: „,О Аллахов Пратенику, јас ќе ти донесам вести за него.‘ Отишол кај него и го нашол како седи во својот дом со наведната глава. Го прашал: ,Што ти е?‘ Тој одговорил: ,Зло!‘ Го кревал својот глас над гласот на Пратеникот ﷺ, и поради тоа (мислел дека) неговите дела се поништени и дека тој е од жителите на Џехенемот.‘ Човекот се врати и му го пренесе тоа на Пратеникот ﷺ, а потоа повторно се врати со голема радосна вест. Пратеникот ﷺ му рекол: ,Оди кај него и кажи му: Ти не си од жителите на Џехенемот, туку си од жителите на Џенетот.‘“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Најдобра е мојата генерација, потоа оние што ќе дојдат по нив, а потоа оние по нив.“ Имран рекол: „Не знам дали спомна две или три генерации.“ Потоа Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, додал: „По вас ќе дојдат луѓе кои ќе изневеруваат и нема да бидат достојни за доверба; ќе сведочат, а нема да бидат повикани за сведоци; ќе даваат завети, но нема да ги исполнуваат – и кај нив ќе се рашири дебелината.“
Автентичен Муттефекун алејхи