Skip to content

„Човекот е на верата на својот пријател, затоа, секој од вас, нека внимава со кого се дружи.“

Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:

„Човекот е на верата на својот пријател, затоа, секој од вас, нека внимава со кого се дружи.“

«الرَّجُلُ عَلَى دِينِ خَلِيلِهِ، فَلْيَنْظُر أَحَدُكُم مَنْ يُخَالِل».

Го бележат Ебу Давуд, Тирмизи и Ахмед
Добар
Објаснување

Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, објаснил дека човекот наликува на својот пријател во начинот на живот и навиките. Пријателството влијае врз карактерот, однесувањето и постапките, па затоа тој предупреди на важноста на внимателниот избор на пријатели. Добриот пријател го насочува својот другар кон иманот, упатството и доброто, и го помага во тоа.

Од придобивките на хадисот

Наредба за дружење со добрите и внимателниот избор на пријатели, како и предупредување од дружење со лошите.

Пријателот е спомнат пред роднината, бидејќи човекот самиот го избира пријателот, додека братот или роднините му се дадени без негов избор.

Изборот на пријатели треба да биде промислен и мудар.

Човекот ја зацврстува својата вера преку дружењето со верниците, а ја ослабува преку дружењето со грешниците.

Референци

Сунен Ебу Давуд (7/ 204) (4833).

Сунен Тирмизи (4/ 187) (2378).

Муснед на Ахмед ибн Ханбел (13/ 398) (8028).

Повеќе... (10)

بهجة الناظرين شرح رياض الصالحين.

لسليم الهلالي (1/ 433).

تحفة الأحوذي بشرح جامع الترمذي.

للمباركفوري (7/ 51).

تطريز رياض الصالحين.

لفيصل آل مبارك (ص250).

كنوز رياض الصالحين.

لمجموعة من الباحثين (6/ 166).

نزهة المتقين شرح رياض الصالحين.

لمجموعة من الباحثين (1/ 341).