Skip to content

„Навистина, помеѓу човекот и помеѓу ширкот (многубоштвото) и неверувањето е оставањето на намазот.“

Од Џабир, радијаллаху анху, се пренесува дека рекол: „Го слушнав Аллаховиот пејгамбер, салаллаху алејхи ве селем, како вели:

„Навистина, помеѓу човекот и помеѓу ширкот (многубоштвото) и неверувањето е оставањето на намазот.“

«إِنَّ بَيْنَ الرَّجُلِ وَبَيْنَ الشِّرْكِ وَالْكُفْرِ تَرْكَ الصَّلَاةِ».

Го бележи Муслим
Автентичен
Објаснување

Пратеникот ﷺ предупредил за опасноста од оставањето на пропишаниот намаз и известил дека помеѓу човекот, ширкот и неверувањето стои оставањето на намазот. Намазот е вториот столб на исламот и има огромна важност во верата. Кој го напушта негирајќи ја неговата задолжителност, тој, според консензусот на муслиманите, станува неверник. Ако го остава целосно поради немарност и мрзеливост, исто така се смета за неверник, а се пренесува и дека постоел едногласен став на асхабите за тоа. Но, ако некогаш го извршува, а понекогаш го пропушта, тогаш тој е подложен на оваа сериозна закана.

Значење на зборовите

...:

Од придобивките на хадисот

Важноста на намазот и неговото чување е од суштинско значење, бидејќи тој е границата помеѓу неверството и верувањето.

Сериозно предупредување за оставањето и запоставувањето на намазот.

Референци

Сахих Муслим (1/ 88) (82).

Повеќе... (2)

المفهم لما أشكل من تلخيص كتاب مسلم (1/ 271).

البحر المحيط الثجاج في شرح صحيح الإمام مسلم بن الحجاج (2/ 622).