Skip to content

Зошто Аллах го создаде Огнот?

محاور التعريف بالإسلام
اليوم الآخر والمصيرالنار
مصدر الإجابة
قسم البعث
الباب / الفصل
(قسم البعث)

السؤال

Зошто Аллах го создаде Огнот?

الجواب

Оганот е од два вида: оганот на овој свет и оганот на Ахиретот. Што се однесува до овосветскиот оган, во него има големи користи, меѓу кои и тоа што претставува доказ за оживувањето на Судниот ден. Возвишениот Аллах вели:

дали дрвото за него вие или Ние го создаваме?

Ние правиме тој да потсетува и да биде корисен за патниците кои престојуваат.“

затоа слави го и величај го името на Господарот свој, Величествениот!“

(Ел Вакиа, 72-74)

Возвишениот исто така вели:

„И Нам Ни наведува пример, а заборава како е создаден, и вели: ,Кој ќе ги оживее коските кога прав ќе се сторат?'

Кажи: ,Ќе ги оживее Тој што првиот пат ги создал; Тој добро знае сè што создал,

Тој што од зелените дрвја оган ви создава и вие со него потпалувате.‘“

(Јасин, 78-80)

Така Аллах ги потсетува луѓето дека Оној Кој создава жежок оган од зелено и влажно дрво е способен да ги оживее и мртвите со Својата моќ.

Меѓу најпознатите придобивки на овосветскиот оган се: користењето на неговата светлина во темнина, подготвувањето храна и пијалак, затоплувањето при студ, уништувањето на она што човекот има потреба да го уништи, топењето и обликувањето на металите, олеснувањето на различни занаети и лекувањето на некои болести.

А што се однесува до оганот на Ахиретот, Аллах го создал поради многубројни мудрости кои не можат целосно да се опфатат, а меѓу нив се:

Прво: Божјиот пратеник ﷺ рекол:

„Огнот и Џенетот се расправаа, па Огнот рече: ,Во мене влегуваат насилниците и горделивците‘, а Џенетот рече: ,Во мене влегуваат слабите и сиромашните.‘ Тогаш Возвишениот Аллах му рече на Огнот: ,Ти си Мојата казна, со тебе ќе го казнам оној што Јас сакам‘ – а на Џенетот му рече: ,Ти си Мојата милост, со тебе ќе му се смилувам на оној што сакам. И секој од вас ќе биде исполнет.‘“

Сахих Муслим (170)

Така, оганот на Ахиретот е Аллахова казна со која Тој ќе ги казни неверниците и злосторниците.

Второ: меѓу луѓето има срца што станале поцврсти и од камен. Таквите сурови и горделиви срца не може да ги скрши ниту да ги вразуми ништо друго освен овој голем Оган.

Трето: дел од Аллаховата мудрост и милост е и тоа што го создал Џехенемот, бидејќи овој свет го направил место на искушение и испит. Аллах го создал човекот со страсти и му дозволил начини преку кои може да ги задоволи, па одредил што е дозволено, а што забрането. Затоа ги предупредил Своите робови да не се приближуваат до забранетите страсти и да не бидат немарни во покорноста и ибадетот кон Него. И им се заканил на оние што ќе Му бидат непокорни — било со правење гревови или со запоставување на обврските — дека ќе влезат во Џехенемот. Поради тоа, постоењето на Џехенемот е силно предупредување за луѓето со здрав разум да се оддалечат од гревовите и немарноста. Возвишениот Аллах вели:

„Затоа ве опоменувам со огнот распален,

во којшто само несреќникот ќе влезе,

тој што ќе негира и главата од вистината ќе ја врти!

А далеку од него ќе биде богобојазливиот,

тој што од имотот свој ќе дава, за да се исчисти.“

(Ел Лејл: 8-11)

Кога човекот ќе го разбере ова, ќе сфати дека постоењето на Џехенемот е причина човекот да се воздржи од она што го предизвикува Аллаховиот гнев и да се придржува кон она што Аллах го сака и го наредува. Исто така, во казната на неверниците и неправедниците во Џехенемот има правда за оние на кои им била нанесена неправда на овој свет и смирување на нивната болка и гнев. А неверникот ќе ја добие заслужената казна поради неговата непокорност кон својот Господар.

المصدر

قسم البعث

ملاحظات

--