Што се случува во Џенетот и Огнот?
- محاور التعريف بالإسلام
- اليوم الآخر والمصيرالجنةاليوم الآخر والمصيرالنار
- مصدر الإجابة
- قسم البعث
- الباب / الفصل
- (قسم البعث)
السؤال
Што се случува во Џенетот и Огнот?
الجواب
Џенетот е местото на наградата и вечното уживање за верниците на Ахиретот, додека Џехенемот е местото на казната и вечното страдање за неверниците. Во Огнот ќе бидат казнувани и непокорните меѓу мувехидите (правоверните), а потоа ќе бидат изведени од него и внесени во Џенетот. Во Џенетот има благодати што ниту едно око ги видело, ниту едно уво ги чуло, ниту човечкиот ум може да ги замисли. Благородниот Куран и веродостојниот Сунет опишале многу од благодатите на Џенетот и ужасите на Џехенемот, со описи што будат копнеж по Џенетот и страв од Огнот, поттикнувајќи го човекот да прави добри дела и да се чува од гревовите. Возвишениот Аллах вели:
„И никој не знае какви, како награда за тоа што го правеле, скриени радости ги очекуваат.“
(Ес Сеџда, 21)
Возвишениот Аллах, вели:
„А на богобојазливите местото на спасот им припаѓа.“
(Ен Небе, 31)
Возвишениот исто така вели:
„Џехенемот заседа ќе стане,
за насилниците место на враќање
каде што вечно ќе останат:
во него свежина нема да осетат, ниту пијалак ќе вкусат,
освен жешка вода и течности
казна прикладна
Тие не очекуваа дека ќе полагаат сметка
и доказите Наши претерано ги негираа
а Ние сè избројавме и запишавме –
па трпете, мачењето сè полошо ќе ви го направиме!
градини и лозја
и девици млади, со години исти,
и пехари полни.
Таму празни приказни и невистини нема да слушаат,
тоа им е награда од Господарот твој, дар доволен.“
„Примерот за Џенетот, кој им е ветен на тие што се плашат од Аллах е: во него се реките од вода проточна и реки од млеко со непроменлив вкус, и реки од вино, пријатно за тие што ќе пијат, и реки од процеден мед, и има разновидно овошје и прошка од Господарот нивен – зарем тоа е исто со страдањето кое ги чека тие што во Огнот вечно ќе престојуваат, кои со зовриена вода ќе се појат, која цревата ќе им ги кине!“
(Мухамед, 27)
„Жителите на Џенетот тој ден најдобро живеалиште и најубаво одморалиште ќе имаат.“
(Ел Фуркан, 3)
а тие чиишто добри дела ќе бидат лесни, тие сосема ќе бидат изгубени, во Џехенемот вечно ќе престојуваат.“
Огнот лицата ќе им ги гори и со исклештени заби во него ќе бидат.“
(Ел Муминун, 12-14)
Аллаховиот пратеник ﷺ рекол:
„Кога Аллах го создаде Џенетот, му рече на Џибрил: ,Оди и погледни го.‘ Џибрил отиде, го погледна, потоа се врати и рече: ,Господару мој, се колнам во Твојата моќ, никој нема да слушне за него а да не посака да влезе во него.‘ Потоа Аллах го опкружи со потешкотии и рече: ,О Џибрил, оди повторно и погледни го.‘ Џибрил повторно отиде, го погледна, па се врати и рече: ,Господару мој, се колнам во Твојата моќ, се плашам дека никој нема да влезе во него.‘ Потоа, кога Аллах го создаде Огнот, рече: ,О Џибрил, оди и погледни го.‘ Џибрил отиде, го погледна, па се врати и рече: ,Господару мој, се колнам во Твојата моќ, никој што ќе слушне за него нема да влезе во него.‘ Потоа Аллах го опкружи со страсти и рече: ,О Џибрил, оди повторно и погледни го.‘ Џибрил отиде, го погледна, па се врати и рече: ,Господару мој, се колнам во Твојата моќ, се плашам дека нема да остане никој а да не влезе во него.‘“
Муснед (8398), Ебу Давуд со добар (хасен) синџир на пренесувачи (4744)
„На Судниот ден ќе биде доведен човекот што најмногу уживал на овој свет, а е од жителите на Огнот. Ќе биде потопен во Огнот само еднаш, а потоа ќе му биде речено: ,О сине Адемов, дали некогаш си видел некакво добро? Дали некогаш си доживеал уживање?‘ Тој ќе рече: ,Не, се колнам во Аллах, Господару мој.‘ Потоа ќе биде доведен човекот што најмногу страдал на овој свет, а е од жителите на Џенетот. Ќе биде потопен во Џенетот само еднаш, а потоа ќе му биде речено: ,О сину Адемов, дали некогаш си видел страдање? Дали некогаш си доживеал тешкотија?‘ Тој ќе рече: ,Не, се колнам во Аллах, Господару мој, никогаш не сум видел страдање ниту доживеал тешкотија.‘“
(Муслим)
За повеќе, види: „Хади ел-ервах ила билад ел-ефрах“ од Ибн Кајим ел-Џевзије и „Ел-Џенету ве ен-Нар“ од Омер ел-Ешкар.
المصدر
ملاحظات
--