Skip to content

Што е Ќаба и дали муслиманите ја обожуваат?

محاور التعريف بالإسلام
محاسن الإسلاممحاسن العبادة
مصدر الإجابة
قسم أركان الإسلام
الباب / الفصل
(قسم أركان الإسلام)

السؤال

Што е Ќаба и дали муслиманите ја обожуваат?

الجواب

Светата Ќаба е киблата кон која муслиманите се свртуваат во своите намази. Возвишениот Аллах вели:

„Сигурно ќе направиме да се насочуваш кон киблата кон која сакаш; па, сврти го затоа лицето свое кон Месџидил Харам! И кај и да сте, лицата свои свртете ги на таа страна.“

(Ел Бекаре, 21)

И околу неа прават таваф за време на извршувањето на аџилакот и умрата. Возвишениот Аллах вели:

„...и околу древната Ќаба нека обиколуваат.“

(Ел Хаџ, 5)

Таа е величествената градба во благословената Мека, за која Аллах му нареди на Неговиот веровесник и присен пријател Ибрахим, алејхи селам, да ја изгради. Возвишениот Аллах вели:

„И кога на Ибрахим за прибежиште му го покажавме местото каде што е Ќаба, му рековме: „Не припишувај Ни здруженици, и исчисти ја Мојата Ќаба за тие што ќе ја обиколуваат, кои ќе стојат и кои руку и сеџда ќе извршуваат.“

Тоа е првиот храм поставен на Земјата за обожување на Возвишениот Аллах. Возвишениот Аллах вели:

„Првиот храм изграден за луѓето е тој во Бека, благословен и патоказ на световите.“

(Али Имран, 3-4)

Што се однесува до одговорот на второто прашање: муслиманите не ја обожуваат Ќабата, ниту Црниот камен. Тие не им се покоруваат ниту им се понизуваат, туку ги почитуваат и возвеличуваат. Од Ќабата и Црниот камен не примаат никакви наредби или забрани, бидејќи тие ниту користат ниту штетат, ниту пак од нив произлегува нешто што би можело да биде упатство или насока. Бакнувањето на Црниот камен, почитувањето и свртувањето кон Ќабата се знаци на единството на муслиманите и на единството на нивната цел. Тие ја посетуваат и прават таваф околу неа како покорност на Аллаховата наредба и како ибадет единствено на Аллах, а не на самата Ќаба. Муслиманите знаат дека тоа е камен кој ниту штети ниту користи, но муслиманот се покорува на Аллаховата наредба, бидејќи тоа е дел од ибадетот кон Аллах, Господарот на световите.

Пример за тоа се зборовите на Омер, Аллах нека е задоволен со него, кога го бакнал Црниот камен и рекол:

„Знам дека си само камен – ниту можеш да наштетиш ниту да користиш. Да не го видов Божјиот пратеник ﷺ како те бакнува, јас не би те бакнал.“

Го бележат Бухари (2620) и Муслим (1003)

Божјите благослови и мир нека се над нашиот пратеник Мухамед, салаллаху алејхи ве селем, над неговото семејство и неговите асхаби.

المصدر

قسم أركان الإسلام

ملاحظات

--