Skip to content

Кој е начинот на земање абдест?

محاور التعريف بالإسلام
محاسن الإسلاممحاسن العبادة
مصدر الإجابة
قسم أركان الإسلام
الباب / الفصل
(قسم أركان الإسلام)

السؤال

Кој е начинот на земање абдест?

الجواب

Начинот на земање абдест, детално појаснет, е следниот:

  1. Човекот да донесе ниет за чистење и отстранување на правната нечистотија, без да го изговара ниетот со јазикот, бидејќи местото на ниетот е во срцето. Истото важи и за сите останати ибадети.
  2. Да изговори: „Бисмиллах.“
  3. Потоа да ги измие дланките трипати.
  4. Потоа трипати да ја исплакне устата. (Тоа значи водата да се придвижи низ устата.)

И трипати да внесе вода во носот и да ја исфрли со левата рака. Истиншак е внесување вода во носот, а истинсар е нејзино исфрлање.

  1. Го мие лицето трипати. Границата на лицето по должина е од вообичаениот почеток на косата на главата до долниот дел на вилиците и брадата, а по ширина е од едното до другото уво. Мажот ја мие и брадата, бидејќи таа е дел од лицето. Ако брадата е ретка, задолжително е да се измие и нејзиниот надворешен и внатрешен дел, а ако е густа и ја покрива кожата, тогаш се мие само нејзиниот надворешен дел и се поминува со прстите низ неа.
  2. Потоа ги мие рацете до лактите трипати. Границата на раката е од врвовите на прстите со ноктите па сè до почетокот на надлактицата. Пред миењето задолжително е да се отстрани сè што се залепило на раката, како тесто, кал, боја и слично, што спречува водата да продре до кожата.
  3. Потоа прави месх така што еднаш ја поминува влажната рака преку главата и ушите со нова вода.

Начинот на месхот односно триењето по главата е: да ги стави влажните раце на предниот дел од главата, па да ги повлече до тилот, а потоа да ги врати назад до местото од каде што започнал. После тоа, ги става показалците во ушите, а со палците го поминува надворешниот дел на ушите.

Што се однесува до косата на жената, таа поминува со влажните раце преку неа, без разлика дали косата е пуштена или собрана, од предниот дел на главата до коренот на косата кај вратот. Не е задолжително да се поминува преку делот од косата што паѓа по грбот.

  1. Потоа ги мие стапалата трипати до глуждовите, а глуждовите се двете испакнати коски во долниот дел на потколеницата.

– Оној што нема вода, зема тејемум. Тејемумот е користење земја или нешто од земјината површина за чистење, кога нема вода или кога нејзината употреба е оневозможенаод оправдана причина.

Возвишениот Аллах, вели:

„А не најдете вода, тогаш со дланките чистата земја допрете ја и лицата ваши и рацете ваши допрете ги. Аллах, навистина, поминува преку гревовите и простува!“

(Ен Ниса, 1)

Начинот на извршување тејемум е така што еднаш се удира со дланките по земјата, а потоа еднаш се поминува по лицето и по надворешниот дел на дланките. Ова се темели на зборовите на Пратеникот ﷺ упатени до Амар бин Јасир, Аллах нека е задоволен со него:

„Доволно е да постапиш вака.“ Потоа Пратеникот ﷺ удрил со дланките по земјата, дувнал во нив, а потоа со нив го поминал лицето и дланките.

Го бележат Бухари (2620) и Муслим (1003)

Доказ за претходно споменатото е и хадисот на Хумран, ослободениот роб на Осман, дека Осман бин Афан, Аллах нека е задоволен со него

побара вода за абдест, па зеде абдест, така што ги изми дланките трипати, потоа ја исплакна устата и внесе вода во носот, па ја исфрли. Потоа го изми лицето трипати, па десната рака до лактот трипати, а потоа и левата на ист начин. Потоа ја помина главата со влажни раце, па ја изми десната нога до глуждовите трипати, а потоа и левата на ист начин. Потоа рече: ,,Го видов Аллаховиот Пратеник ﷺ како зема абдест на овој начин. Потоа Аллаховиот Пратеник ﷺ рече: ,Кој ќе земе абдест како мојот абдест, а потоа ќе клања два рекати без да му се расејува вниманието во нив, ќе му бидат простени претходните гревови.’“

(Муслим)

И зборовите на Возвишениот:

„О, верници, кога ќе сакате намазот (молитвата) да го извршите, лицата свои и рацете свои до зад лактите измијте ги – а дел од главите свои допрете ги – и нозете свои до над зглобовите, а ако сте џунуб, тогаш искапете се; а ако сте болни или на пат или ако сте извршиле физиолошка потреба или ако со сопругите сте се состанувале, а не можете да најдете вода, тогаш со рацете свои чиста земја допрете и со нив допрете ги лицата свои и рацете свои. Аллах не сака да ви причинува потешкотии, туку сака чисти да ве направи и благодaтта Своја да ви ја надополни, за да бидете благодарни!“

(Ел Маиде, 46)

Божјите благослови и мир нека се над нашиот пратеник Мухамед, салаллаху алејхи ве селем, над неговото семејство и неговите асхаби.

المصدر

قسم أركان الإسلام

ملاحظات

--