Кои се петте столбови на исламот?
- محاور التعريف بالإسلام
- الشبهات والاعتراضات
- مصدر الإجابة
- قسم أركان الإسلام
- الباب / الفصل
- (قسم أركان الإسلام)
السؤال
Кои се петте столбови на исламот?
الجواب
Исламот се темели врз пет столбови, кои Пратеникот ﷺ ги појаснил со своите зборови:
„Исламот е изграден врз пет (столба): сведоштвото дека нема друг вистински бог освен Аллах и дека Мухамед е Аллахов пратеник, извршувањето на намазот, давањето зекат, аџилакот и постот во месецот рамазан.“
(Бухари и Муслим)
Првиот столб е сведоштвото дека нема друг вистински бог освен Аллах и дека Мухамед е Аллахов пратеник. Тоа значи човекот да верува дека никој со право не заслужува ибадет освен Возвишениот Аллах, со разбирање на значењето на ова сведоштво и она што тоа го подразбира: неверување/негирање во/на тагутот, покорност кон Аллаховиот шеријат и искреност кон Него, придружена со љубов и величање. Исто така, човекот треба да верува дека само Аллах е Господарот, Владетелот, Управителот, Создателот и Снабдувачот, и да Му ги потврди сите најубави имиња и возвишени својства кои Тој Самиот Си ги потврдил или кои Му ги потврдил Неговиот пратеник. И треба да верува дека само Аллах заслужува да биде обожуван, а не некој друг, бидејќи Тој е Единствениот Создател Кој нема здруженик, како што Возвишениот Аллах вели:
„Тој е Создателот на небесата и на Земјата! Од каде Му Нему дете кога нема жена, Тој создава сè и само Тој знае сè!
Тоа е Аллах, Господарот ваш, нема друг бог освен Него, Создателот на сè; затоа Него обожувајте Го; Тој бдее над сè!“
(Ел Енам, 103)
И сведоштвото дека Мухамед ибн Абдулах ибн Абдулмуталиб ел-Хашими ел-Курејши е печатот на веровесниците и најчесниот од пратениците, со придржување кон неговиот шеријат и негово величање онака како што е пропишано, без запоставување и без претерување. Запоставување е човекот да не постапува според неговиот сунет, а претерување е да му упатува ибадет покрај Аллах, како што е заклетвата во него, упатувањето дова кон него или други работи кои не е дозволено да се посветат на никој освен на Возвишениот Аллах.
Исто така, човекот треба да верува дека Аллах го испратил Својот пратеник Мухамед ﷺ му го објавил Куранот и му наредил оваа вера да им ја пренесе на сите луѓе. Верува дека љубовта кон Аллах и Неговиот пратеник, како и покорноста кон нив, се должност на секој човек, и дека љубовта кон Аллах не се постигнува освен преку следење на Неговиот пратеник ﷺ. Возвишениот Аллах вели:
„Кажи: ,Ако Аллах Го сакате, тогаш мене следете ме, и вас Аллах ќе ве сака и гревовите ќе ви ги прости!' А Аллах простува и Милостив е.“
(Али Имран, 3-4)
И дека сме должни да му се покоруваме во она што ни го наредил, да веруваме во она за што нè известил, да се оддалечуваме од она што ни го забранил и од кое нè одвратил, и да не го обожуваме Аллах освен на начин што Тој го пропишал, а не според новотариите што луѓето ги измислиле.
Мудроста од испраќањето на Пратеникот е да ги насочи и упати луѓето кон она што им носи добро и корист во нивниот верски и световен живот, и кон она со што е задоволен нивниот Господар.
Вториот столб е извршувањето на намазот. Намазот претставува ибадет кон Аллах преку посебни зборови и дела, кој започнува со текбир, а завршува со селам.
Тоа се пет намази во текот на денот и ноќта: сабах, пладне, икиндија, акшам и јација намаз.
Намазот е строга обврска за секој муслиман.
Возвишениот Аллах, вели:
„...бидејќи на верниците им е пропишано во одредени временски интервали намазот да го извршуваат.“
(Сура Ен Ниса, 163)
Меѓу мудростите на пропишаноста на намазот е тоа што тој претставува врска помеѓу робот и неговиот Господар, внесува мир и спокојство и одвраќа од разврат и лоши дела, покрај многу други придобивки.
Третиот столб е давањето зекат. Тоа претставува задолжително право кое се издвојува од одреден имот, за одредени категории луѓе и во одредено време. Зекатот е еден од столбовите на исламот и задолжителна садака што се зема од богатите и им се дава на сиромашните.
„Земи од добрата нивни зекат, со него да ги исчистиш и благословени да ги направиш...“
(Ет Теуба, 103)
Меѓу мудростите на пропишаноста на зекатот е тоа што го прочистува и благословува имотот, ги чисти душите од скржавост и себичност и ја зајакнува љубовта меѓу богатите и сиромашните. Со тоа исчезнува омразата, се шири сигурноста и заедницата живее во благосостојба.
Четвртиот столб е постот во месецот рамазан. Тоа претставува воздржување од работите што го нарушуваат постот, како што се јадењето, пиењето и интимниот однос, во текот на денот во деветтиот месец од хиџретскиот календар.
„Во месецот рамазан започна објавувањето на Куранот, кој е патоказ за луѓето, јасен доказ за Вистинскиот пат и разликување на доброто од злото. Кој од вас ќе биде дома во тој месец, нека пости...“
(Ел Бекаре, 21)
Меѓу мудростите на пропишаноста на постот е тоа што тој претставува средство за постигнување богобојазливост кон Возвишениот Аллах.
Исто така, постот го потсетува постачот на Аллаховите благодати кон него,
и го потсетува на неговите, сиромашни и браќа во потреба.
Постот ги обединува чувствата на муслиманите
и му носи на телото здравје и сила,
покрај многу други придобивки.
Петтиот столб е аџилакот. Тоа претставува посета на светите места во Мека, еднаш во животот, за оној што е во можност, со цел извршување на одредени обреди.
„И аџилакот должен е да го заврши, поради Аллах, секој што е во можност да дојде до него. А тој што не верува – па, Аллах е навистина независен од световите.“
Меѓу мудростите на пропишаноста на аџилакот е остварувањето на тевхидот кон Возвишениот Аллах, постигнувањето богобојазливост, спомнувањето на Аллах, облагородувањето на човечката душа и воспитувањето на уметот во духот на вистинското единство, покрај многу други мудрости, користи и придобивки.
Ова е краток преглед, а секој од столбовите има свои услови, столбови и многу подробности.
Божјите благослови и мир нека се над нашиот пратеник Мухамед, салаллаху алејхи ве селем, над неговото семејство и неговите асхаби.
المصدر
ملاحظات
--