Skip to content

Што значи концептот на ибадет во исламот?

محاور التعريف بالإسلام
محاسن الإسلاممحاسن العبادة
مصدر الإجابة
قسم أركان الإسلام
الباب / الفصل
(قسم أركان الإسلام)

السؤال

Што значи концептот на ибадет во исламот?

الجواب

Ибадетот претставува понизност, покорност, љубов и величање кон Возвишениот Аллах. Во поимот на ибадетот влегуваат сите видливи и невидливи зборови и дела кои Аллах ги сака и со кои е задоволен. Некои дела се чист ибадет, како намазот и аџилакот, додека има и дела за кои човекот добива награда доколку има добра намера и се надева на награда кај Аллах, како што е спиењето со намера да се зајакне за ибадет, или јадењето со истата намера. Кога овие работи се поврзани со исправна намера, тие стануваат сакани кај Возвишениот Аллах. Исто така, ако човекот го избира дозволеното и се воздржува од забранетото надевајќи се на Аллахова награда, и за тоа ќе биде награден. Од Ебу Зер, радијаллаху анху, се пренесува

дека некои асхаби му рекле на Божјиот пратеник ﷺ: „О Аллахов пратенику, богатите нè надминаа во наградите: клањаат како што и ние клањаме, постат како што и ние постиме, а покрај тоа даваат садака од вишокот на своето богатство.“ Тој им рече: „Зарем Аллах не ви дал нешто со што и вие можете да давате садака. Секое изговарање на „Субханаллах“ е садака, секое изговарање на „Аллаху екбер“ е садака, секое изговарање на „Елхамдулиллах“ е садака, секое изговарање на „Ла илахе иллаллах“ е садака, наредувањето на добро е садака, спречувањето на зло е садака, па дури и интимниот однос на некој од вас е садака.“ Тие прашаа: „О Аллахов пратенику, зарем некој од нас, кога ќе ја задоволи својата страст, ќе има награда за тоа?“ Тој рече: „Што мислите, ако ја задоволи на забранет начин, зарем не би имал грев? Исто така, кога ќе ја задоволи на дозволен начин, ќе има награда.“

Сахих Муслим (170)

Меѓу делата има и такви кои се состојат од воздржување и оставање со намера, како што е постот. Што се однесува до зборовите, тука спаѓаат зикрот и учењето на Куранот. Внатрешните, односно срцевите дела, ги опфаќаат верувањата и убедувањата во кои муслиманот цврсто верува, како што се проживувањето, верувањето во гајбот и тевхидот. А меѓу срцевите дела спаѓаат потпирањето на Аллах, стравот и надежта. Не е дозволено ибадетот да се упатува кон некој друг освен кон Возвишениот Аллах, и ниту еден ибадет нема да биде прифатен освен со три услови: првиот е исламот, вториот е искреноста, а третиот е следењето на Сунетот.

المصدر

قسم أركان الإسلام

ملاحظات

--