Дали е можно човекот да ја постигне вистинската среќа без да ја знае целта и смислата на животот?
- محاور التعريف بالإسلام
- الغاية من خلق الإنسان ومعنى الحياة
- مصدر الإجابة
- قسم المسلمين
- الباب / الفصل
- (قسم المسلمين)
السؤال
Дали е можно човекот да ја постигне вистинската среќа без да ја знае целта и смислата на животот?
الجواب
Човекот не може да ја постигне вистинската среќа ако не верува во Аллах и ако не знае зошто Аллах го создал, зошто постои на овој свет и каде ќе замине по смртта.
Колку и да ужива човекот во разни благодати и во сè што му носи среќа на овој свет, сепак во него ќе остане немир и несреќа од кои нема целосно да се ослободи. Можеби некој ќе праша: „Зошто сте толку сигурни во ова?“ Одговорот е: затоа што Аллах, Кој ја создал човечката душа, нè известил за тоа. Возвишениот Аллах вели:
„А тој што ќе се заврти од Опомената Моја, тој тежок живот ќе живее и на Судниот ден слеп ќе го оживееме.“
(Таха, 5)
Исто така, Аллах нè известил дека на оној што не верува ќе му го олесни патот кон тешкотијата и трајната несреќа. Возвишениот Аллах вели:
„А на тој што е скржав и се чувствува независен.
и тоа најубавото што го смета за лажно -
нему Џехенемот ќе му го подготвиме,
и имотот, кога ќе умре, нема да му користи.“
(Ел Лејл: 8-11)
Оваа вест е од Возвишениот Аллах, бидејќи Тој ја создал човечката душа и најдобро знае што ја поправа, а што ја прави несреќна. Возвишениот Аллах вели:
„А како и не би знаел Тој што создава, Тој што сè детално знае, Којшто за сè е известен.“
(Ел Мулк, 14)
Тој е Оној Кој ја создал со вродена љубов кон доброто, доблеста, упатството и вистината, а ѝ ги омразил невистината, неверството и неморалот. Возвишениот Аллах вели:
„Ти насочи го лицето свое кон верата, искрено; кон верата Аллахова чиста, со која луѓето ги создаде. Нема измена на Аллаховата вера, тоа е вистинската вера, но повеќето луѓе тоа не го знаат.“
(Ер Рум, 32)
Оној што не ја познава целта на своето постоење е лишен од сладоста на животот, од сладоста на задоволството и од чувството на исполнетост поради доброто дело што го прави, цврсто уверен дека ќе ја добие неговата награда — ако не на овој, тогаш на идниот свет. Возвишениот Аллах вели:
„Аллах ќе рече: ,Ова е Денот во кој на искрените искреноста нивна ќе им биде од корист; ним ќе им припаднат џенетските градини низ кои реки течат; вечно и довека во нив ќе останат. Аллах ќе биде задоволен со нив, а и тие со Него. Тоа голем успех ќе биде!ʼ“
(Ел Маиде, 44)
Возвишениот исто така вели:
„На тој што прави добро, било маж или жена, а верник е, Ние ќе му дадеме да проживее убав живот и навистина ќе ги наградиме според подоброто што го правеле.“
(Ен Нахл, 97)
Така, вистинската среќа, вкусувањето на верувањето и сладоста на собирањето добри дела за Денот кога нема да користат ниту имотот ниту децата — не ги познава никој освен верникот во Возвишениот Аллах.
Можеби некој ќе рече: „Гледаме луѓе кои живеат во голема среќа, а не веруваат во Аллах“, па велиме: „Да, постои немарен човек кој не ја спознал вистината, а тој е од оние за кои Возвишениот Аллах вели:
„Пушти ги нека јадат и нека се насладуваат, и нека ги мами надежта – ќе дознаат тие!“
(Ел Хиџр, 3)
И зборовите на Возвишениот:
„И никако нека не те мами тоа што неверниците уживаат низ Земјата!
Кратко уживање, а потоа Џехенемот ќе биде нивното живеалиште, а колку е ужасно тоа престојувалиште.“
(Сура Али Имран, 81)
Навистина, овој немарен човек, занесен и удавен во незнаењето, ужива во одредени задоволства, но кога би знаел што го чека при смртта и по неа, не би уживал во ниту еден благодет. Но, оваа вистина нема да му се открие сѐ до неговата смрт. Возвишениот Аллах вели:
„А да видеше само кога мелеците на неверниците душата им ја земаа и по лицата нивни и одназад ги удираа: ,Вкусете го страданието во огнот!‘“
(Ел Енфал, 50)
И кога ќе му се открие вистината – која секој муслиман ја знае и во која е убеден – тогаш ќе рече, како што Возвишениот Аллах известил:
„,Кога на некој од нив смртта ќе му дојде, тој извикува: ,Господару мој, поврати ме
да направам некакво добро во тоа што го пропуштив!' – Никогаш! Тоа се зборови кои тој ќе ги говори – пред нив препрека ќе има сè до Денот кога ќе бидат оживеани.
Па кога во Рогот ќе се дувне, тогаш роднински врски меѓу нив нема да има и меѓусебно нема ништо да се прашаат.
Тие чиишто добри дела ќе бидат потешки, тие ќе се спасат,
а тие чиишто добри дела ќе бидат лесни, тие сосема ќе бидат изгубени, во Џехенемот вечно ќе престојуваат.“
(Ел Муминун, 99-103).
Затоа сме цврсто убедени дека оној што не ја познава целта на животот нема да ја постигне вистинската среќа, колку и да се труди и колку и да се обидува. Го молиме Аллах да нѐ сочува од несреќа и да ни подари од Неговата милост.
المصدر
ملاحظات
--