Skip to content

Каков е ставот на исламот во однос на слободната волја и принудата?

مصدر الإجابة
قسم الإسلام
الباب / الفصل
(قسم الإسلام)

السؤال

Каков е ставот на исламот во однос на слободната волја и принудата?

الجواب

Благодарноста Му припаѓа на Аллах. Возвишениот Аллах ги запишал одредбите за сè уште пред создавањето на небесата и Земјата, ги испратил пратениците, ги објавил книгите и ги создал луѓето со вродена љубов кон доброто и одбивност од злото. На созданијата им го појаснил доброто и злото и им дал способност да прават разлика меѓу нив. Возвишениот Аллах вели:

и доброто и злото му ги објаснивме?“

(Ел Белед, 8-10)

Возвишениот исто така вели:

„Ние на Вистинскиот пат му укажуваме, а негово е дали благодарен или неблагодарен ќе биде.“

(Ел Инсан, 3)

Кога фараонот го прашал Муса, алејхи селам: „Кој е вашиот Господар?“, тој одговорил, како што Возвишениот Аллах нè известува:

„Господарот наш е Тој што му даде облик на сè, а потоа го упати.“

(Таха, 50)

Аллах го создал секој човек и го упатил кон она што е добро и корисно за него, а тоа секој човек го чувствува во самиот себе. Дури и животните, Аллах ги упатил кон она што им користи, со што се зачувува нивниот вид и се обезбедува нивното размножување и опстанок.

Исто така, Аллах го воспоставил доказот против созданијата, па така на среќниците од луѓето им го олеснил патот кон доброто и ги оддалечил од злото, додека на несреќниците им го олеснил патот кон тешкотијата. Возвишениот Аллах вели:

„И во ноќта кога ќе го засолни.

И во небото и во Тој што го крена

и во Земјата и во Тој што ја направи пространа,

и во душата и во Тој што ја создаде,

па патот на доброто и патот на злото сфатливи ѝ ги стори.

Ќе успее само тој што ќе ја исчисти,

а ќе биде изгубен тој што ќе ја извалка!“

(Еш Шемс, 4-10)

Еден од асхабите, Аллах нека е задоволен со нив, го праша Аллаховиот пратеник ﷺ за односот на човекот кон претходно одредената судбина: дали треба да се потпре на она што му е запишано и да ги остави делата, или треба да работи? Одговорот дојде во хадисот што го пренесува Али, Аллах нека е задоволен со него, кој рекол:

„Бевме на џеназе во Беки‘ ел-Гаркад, кога дојде Аллаховиот пратеник ﷺ. Тој седна, а и ние седнавме околу него. Во раката држеше стапче, ја наведна главата и почна да чепка по земјата со него, а потоа рече: ,Нема никој од вас, ниту една душа, а да не ѝ е веќе запишано местото во Џенетот или Џехенемот, и дали ќе биде среќна или несреќна.‘ Тогаш еден човек праша: ,О Аллахов Пратенику, зарем да не се потпреме на она што ни е запишано и да ги оставиме делата?‘ Тој одговори: ,Оној што е од среќните, ќе му бидат олеснето делата на среќните, а оној што е од несреќните, ќе му бидат олеснети делата на несреќните. Работете, бидејќи на секого му е олеснето она за што е создаден!'“ Потоа Пратеникот ﷺ ги проучи зборовите на Возвишениот Аллах: „На тој што дава и што не греши и тоа најубавото што го смета за вистинито - нему Џеннет ќе му подготвиме; а на тој што е скржав и се чувствува независен и тоа најубавото што го смета за лажно - нему Џехеннемот ќе му го подготвиме.“

Сахих Муслим (170)

Возвишениот Аллах е независен од тоа да принуди некого; бидејќи покорноста не Му носи корист, ниту гревовите Му нанесуваат штета. Аллах ги создал созданијата и им го олеснил патот, а Тој е Возвишен над тоа некого да принудува.

Возвишениот Аллах уште пред да ги создаде созданијата знаел што ќе прават, и тоа го запишал во Сочуваната плоча. Ништо не се случува освен со Неговата волја, а сè што се случува е според Негово создавање, волја и управување, во што се огледа Неговата совршена мудрост. Човекот има волја и избор, но тие се потчинети на Аллаховата волја. Возвишениот Аллах вели:

„А вие не можете ништо да сакате, ако тоа Аллах, Господарот на световите, не го сака!“

(Ет Теквир, 29)

И човекот ќе биде повикан на одговорност за она што самиот го избрал и посакал.

Секој човек јасно ја чувствува разликата помеѓу она што го прави по своја волја и избор, и она што му се случува без негова волја, како што се болеста или падот. Човекот по свој избор го прави она што го сака, а се воздржува од она што не го сака.

Според тоа, човекот постапува според својата волја и својот избор, и токму за тоа ќе биде повикан на одговорност и пресметка на Судниот ден. А она што му се случува како одредба врз која нема моќ, како што се болеста или неможноста да изврши некоја обврска, за тоа нема да биде повикан на одговорност на Судниот ден. Аллаховиот благослов и мир нека се врз нашиот пратеник Мухамед.

المصدر

قسم الإسلام

ملاحظات

--