Skip to content

Кои се формите на толеранција во исламот?

محاور التعريف بالإسلام
الشبهات والاعتراضات
مصدر الإجابة
قسم الإسلام
الباب / الفصل
(قسم الإسلام)

السؤال

Кои се формите на толеранција во исламот?

الجواب

Благодарноста Му припаѓа на Возвишениот Аллах. Толеранцијата во исламот е највозвишената и најсовршената толеранција што ја познава човештвото. Нејзин синоним во шеријатската терминологија е леснотијата. Леснотијата во исламот се манифестира во многу работи, меѓу кои се:

Аллаховото олеснување на ибадетите во исламскиот шеријат, па тој не е верозакон на тешкотии и безизлезност како што биле претходните верозакони. Возвишениот Аллах вели:

„На тие кои ќе го следат Пратеникот, веровесник, кој нема да знае ни да чита, ниту да пишува, кој тие кај себе, во Тевратот и Инџилот, запишан го наоѓаат, кој од нив ќе бара да прават добри дела, а од лошите ќе ги одвраќа, кој убавата храна ќе им ја дозволи, а лошата ќе им ја забрани, кој од товарот и тешкотиите кои тие ги имаа ќе ги ослободи...“

(Ел Араф, 158)

На пример, во претходните верозакони човекот можел да изврши молитва само во местото одредено за ибадет, додека во оваа вера на муслиманот му е дозволено да клања на секое место каде што ќе го затекне времето на намазот — во воздух, на море или на копно. Исто така, ритуалната нечистотија во претходните верозакони се отстранувала само со вода, па Аллах во исламот го пропишал тејемумот, што претставува милост. Истото важи и за скратувањето на намазот и прекинувањето на постот при патување и болест.

Од леснотијата и толеранцијата на исламот е и тоа што Аллах му пропишал покајание на грешникот, додека покајанието кај синовите на Исраил било едни со други да се убиваат за Аллах да им го прифати покајанието. Возвишениот Аллах вели:

„И кога Муса му рече на народот свој: ,Народе мој, вие навистина самите себеси неправда си сторивте прифаќајќи го телето; затоа на Создателот свој покајте Му се и убивајте се меѓу себе! Тоа е подобро кај Создателот ваш, па ќе ви прости. Тој го прима покајанието и Милостив е!‘“

(Ел Бекаре, 129)

А во исламот, кога човекот искрено ќе се покае, Аллах му простува и неговите лоши дела ги заменува со добри. Возвишениот Аллах вели:

„И тие кои покрај Аллах на друг бог не му се молат, и тие, коишто Аллах ги забранил, не ги убиваат, освен кога правдата бара, и кои не прават блуд; а кој тоа го прави, ќе ја искуси казната,

страдањето на оној свет двојно ќе му биде, и во него вечно понижен ќе остане,

освен тие што ќе се покајат и ќе поверуваат и добри дела ќе прават, Аллах нивните лоши дела во добри ќе ги смени, а Аллах простува и Милостив е.

А тој што ќе се покае и добри дела ќе прави, тој, навистина, на Аллах искрено Му се вратил.“

(Ел Фуркан, 68-71)

Еден од облиците на олеснување е и она што се пренесува од Божјиот пратеник ﷺ дека рекол:

„Кој ќе биде добар во исламот, нема да одговара за она што го правел во времето на џахилиетот. А кој ќе биде лош во исламот, ќе одговара и за претходните и за подоцнежните дела.“

Го бележат Бухари (2620) и Муслим (1003)

Под „лош“ во хадисот се мисли на отпадништво од исламот, а не на повторување на гревот. Значи, ако човек отпадне од исламот, ќе биде повикан на одговорност и за претходното и за подоцнежното. Но, ако повторно направи грев без да отпадне од исламот, тогаш ќе одговара само за гревот што го направил во исламот, а не за она што го правел пред исламот, согласно зборовите на Божјиот пратеник ﷺ:

„Зарем не знаеше дека исламот ги брише гревовите што биле направени пред него?“

(Муслим)

Од леснотијата на исламот е и тоа што тој е вера на олеснување, во која нема окови ниту тешки товари. Затоа Божјиот пратеник ﷺ рекол:

„Навистина, верата е лесна, и никој нема да се натпреварува со неа во претерување, а да не го совлада. Затоа, држете се до исправноста и стремете се кон умереност, радувајте се и барајте помош преку утринските, вечерните часови и дел од ноќта.“

Сахих Бухари (3445)

Кога Пратеникот ﷺ ги испратил Муаз и Ебу Муса Ел-Ешари, Аллах нека е задоволен со двајцата, во Јемен, им рекол:

„Олеснувајте, а не отежнувајте, израдувајте и не оттурнувајте, бидете сложни и не разидувајте се.“

Сахих Бухари (2476) и Муслим (155)

Од леснотијата и толеранцијата на исламот е и тоа што го поттикнува детето да биде добро кон своите родители, дури и ако тие се неверници, па дури и ако се обидуваат да го одвратат од исламот. Возвишениот Аллах вели:

„А ако те наговараат Мене друг да Ми припишуваш за рамен, за кој ти ништо не знаеш, ти не слушај ги и кон нив, на овој свет, примерно однесувај се, а следи го патот на тој што искрено Ми се обраќа; потоа кај Мене ќе се вратите и Јас ќе ве известам за тоа што го правевте.“

(Лукман, 15)

Кога мајката на Есма бинт Ебу Бекр, Аллах нека е задоволен со нив, дошла да ја посети, таа го прашала Пратеникот ﷺ дали да одржува роднинска врска со неа. Таа рекла: „Мајка ми, која беше многубошка, дојде кај мене за време на примирјето меѓу Курејшиите и Божјиот пратеник ﷺ. Потоа го прашав Божјиот пратеник ﷺ: ,О Божји пратениче, мајка ми дојде кај мене сакајќи да одржува врска со мене. Дали да ја одржувам врската со неа?' Тој одговори:

,Да, одржувај врска со неа.'“

Сахих Бухари (3), и Сахих Муслим (252).

Исто така, исламот му препорачува на сопругот убаво да се однесува кон својата сопруга еврејка или христијанка, и да не ја вознемирува, навредува или понижува поради нејзината вера.

Исто така од леснотијата и толеранцијата на исламот е тоа што исламот го поттикнува муслиманот на добра соработка со немуслиманите кои не се борат против муслиманите поради верата, го обврзува да биде праведен кон нив и го поттикнува да им прави добро. Возвишениот Аллах вели:

„Аллах не ви забранува да чините добро и да бидете праведни кон тие што не војуваат против вас заради верата и кои од родниот крај не ве прогонуваат – Аллах, навистина, ги сака тие што се праведни.“

(Ел Мумтехине, 8)

Аллаховиот благослов и мир нека се врз нашиот веровесник Мухамед.

المصدر

قسم الإسلام

ملاحظات

--