Skip to content

Дали исламот го поддржува концептот на класна поделба?

محاور التعريف بالإسلام
الشبهات والاعتراضات
مصدر الإجابة
قسم الإسلام
الباب / الفصل
(قسم الإسلام)

السؤال

Дали исламот го поддржува концептот на класна поделба?

الجواب

Благодарноста Му припаѓа на Аллах. Класната поделба претставува поделба на луѓето на класи според богатството, расата или општествената положба, при што човекот не може да ја промени својата класа. Исламот ја смета класната поделба за остаток од џахилиетот (незнаењето).

Исламот забранува постоење на класни поделби меѓу муслиманите, бидејќи Аллах ги создал луѓето од маж и жена за да се запознаваат меѓусебно, а не да си прават неправда едни на други. Возвишениот Аллах вели:

„О, луѓе, Ние од еден маж и од една жена ве создадовме и на народи и племиња ве поделивме за да се запознавате. Најугледен кај Аллах е тој што најмногу се плаши од Него; Аллах, навистина, сè знае и ништо не Му е скриено.“

(Ел Хуџурат, 13)

Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, појаснил дека потеклото не го издигнува човекот само поради неговото потекло, туку дека го издигнуваат неговите дела и доброто што им го прави на луѓето. Тој ﷺ рекол:

„Бавниот со неговите дела, нема да го забрза неговото потекло.“

Сахих Муслим (170)

Што се однесува до разликите меѓу луѓето во богатството, угледот и слично, тие сами по себе не се ниту за пофалба ниту за осуда. За пофалба е кога човекот својот углед, положба и богатство, кои Аллах му ги дал, ги користи во покорност кон Аллах и во служба на луѓето. А за осуда е кога поради тоа станува непокорен кон својот Господар, се возгордува над луѓето и им нанесува неправда. Инаку, разликите меѓу луѓето во овосветските добра се универзална законитост што Аллах ја одредил за уредување на животот на Земјата. Возвишениот вели:

„Зарем тие jа расподелуваат милоста на Господарот твој? Ние им даваме сè што им е потребно за животот на овој свет и Ние едните над другите ги издигнуваме за неколку степени, за едните да ги служат другите. – А милоста на Господарот твој е подобра од тоа што тие го натрупуваат.

А да немаше сите луѓе да станат неверници, Ние на тие што не веруваат во Семилосниот покривите на куќите од сребро ќе им ги направевме, а и скалите по кои се качуваат,

и вратите на куќите нивни и диваните на коишто се потпираат,

и украси од злато би им дале, бидејќи сето тоа е уживање во животот на овој свет, а оној свет кај Господарот твој ќе биде за тие што ќе ги извршуваат Неговите наредби, а ќе се чуваат од Неговите забрани.“

(Ез Зухруф, 61)

Аллах појасни дека оваа разлика во овосветските добра е дел од Неговото управување. Шејхот Абдурахман Ес Сади, Аллах нека му се смилува, рекол:

„Возвишениот известува дека овој свет кај Него не вреди ништо, и дека, да не беа Неговата благост и милост кон Неговите робови – на кои им дава предност над сè друго – Тој би им го дал овој свет во огромно изобилство на неверниците, и би направил: ,...покривите на куќите од сребро ќе им ги направевме, а и скалите...', односно скали од сребро ,...по кои се качуваат' до нивните покриви. Тоа значи дека би им го разубавил овој свет со разни украси и би им дал сè што посакуваат. Но, Неговата милост кон Неговите робови Го спречила во тоа, стравувајќи за нив да не побрзаат кон неверието и кон многубројните гревови поради љубовта кон овој свет. Во ова има доказ дека Аллах понекогаш им ускратува на луѓето одредени овосветски работи – било општо или поединечно – за нивно добро, и дека овој свет кај Аллах не вреди ниту колку крило од мушичка. Исто така, дека сето ова што е спомнато е само минливо уживање на овој свет, исполнето со недостатоци и непријатности. Ахиретот, пак, кај Возвишениот Аллах е подобар за богобојазливите, кои ги извршуваат Неговите наредби и се чуваат од Неговите забрани; бидејќи уживањето таму е потполно и совршено во секој поглед. Во Џенетот има сè што душите ќе посакаат и во што очите ќе уживаат, и тие таму ќе останат вечно. Па колку е само голема разликата меѓу двата света!“

Тефсир Ес Саʿди – „Тејсир ел-Керим ер-Рахман“, стр. 765.

Исламот не настојува да ја укине поделбата меѓу луѓето на богати и сиромашни, така што сите би биле, на пример, или богати или сиромашни, туку му пропишува на богатиот да му помага на сиромашниот. Што се однесува до борбата против природните и вообичаени разлики меѓу луѓето и обидот тие целосно да се отстранат, тоа е спротивно на универзалните законитости. Затоа исламот дојде со исправен однос кон тие разлики. Аллаховиот благослов и мир нека се врз нашиот пратеник Мухамед.

المصدر

قسم الإسلام

ملاحظات

--