Според исламското верување, моето немуслиманско семејство нема да влезе во Џенетот на Ахиретот. Дали е тоа точно?
- محاور التعريف بالإسلام
- اليوم الآخر والمصيرالجنةموانع الدخول في الإسلامالتعلق بالدين الموروث
- مصدر الإجابة
- قسم الإسلام
- الباب / الفصل
- (قسم الإسلام)
السؤال
Според исламското верување, моето немуслиманско семејство нема да влезе во Џенетот на Ахиретот. Дали е тоа точно?
الجواب
Благодарноста Му припаѓа на Аллах. Читателот треба да знае дека прашањето за крајниот исход на човекот на Ахиретот му припаѓа на Аллах, бидејќи Аллах е Владетелот на небесата, Земјата и на сè што е дел од нив, и Нему Му припаѓа сета благодарност во секоја состојба. Возвишениот Аллах вели:
„Сета благодарност Му припаѓа на Аллах, Чие е сето тоа на небесата и сето тоа на Земјата! Благодарноста Му припаѓа и на оној свет! Тој е Мудар и Сезнаен.“
(Сабе, 28)
Нему Му припаѓа власта и кај Него ќе се вратат сите созданија — добрите и грешните, верниците и неверниците. Возвишениот Аллах вели:
„Тој е Аллах, друг бог освен Него нема; Нему Му припаѓа сета благодарност и на овој и на оној свет! Само Тој суди и на Него ќе Му се вратите!“
(Ел Касас, 70)
Исто така, на Аллах Му припаѓа целосната власт, и Тој е Владетелот на Судниот ден, па никој не управува заедно со Него, ниту има заштитник или застапник освен со Негова дозвола. Возвишениот Аллах вели:
"Владетелот на Судниот ден.“
(Ел Фатиха, 5-7)
Кога ова ќе се разбере, тогаш со сигурност знаеме дека Аллах ги создал луѓето со природна наклонетост кон признавање на Неговото Господарство, им испратил пратеници и им објавил книги, им дал слух, вид и разум за да им се воспостави доказ. Тој им појаснил дека целта на нивното создавање е да Го обожуваат само Него и ништо да не Му припишуваат како здруженик. Исто така, ги задолжил Своите пратеници, алејхиму селам, да ги предупредуваат луѓето од Аллаховата казна, да ги опоменуваат од лошиот крај и да ги израдуваат со Џенет чија широчина е колку небесата и Земјата. Нема ниту еден веровесник кој не го предупредувал и не го израдувал својот народ. Возвишениот Аллах вели:
„Пративме Пратеници кои радосни вести и опомени донесуваа, за луѓето, после Пратеникот, никакво оправдување пред Аллах да немаат. А Аллах е Силен и Мудар!“
(Сура Ен Ниса, 163)
Возвишениот Аллах појаснил дека исходот на луѓето на Судниот ден се сведува на две групи и два крајни исхода. Возвишениот Аллах вели:
„Ете, така Ние ти го објавуваме тебе Куранот, на арапски јазик, за да ја опоменуваш Мајката на градовите (Мека) и тие околу неа, и да ги предупредиш за Денот кога ќе се соберат – во кој нема никаков сомнеж. Едните ќе одат во Џенетот, а другите во Џехенемот.“
(Еш Шура, 13)
Возвишениот исто така вели:
„Тоа е поука за тие што се плашат од страдањето на оној свет, а тоа е Денот кога сите луѓе ќе бидат собрани и тоа е Денот кога сите ќе бидат присутни,
а Ние го одложуваме само за некое време.
Тој ден кога ќе дојде, без Негово одобрение никој нема ни збор да изговори, а меѓу нив ќе има несреќни и среќни.
И несреќните ќе бидат во Џехенемот, во него тешко ќе вдишуваат и ќе издишуваат,
во него ќе останат сè додека постојат небесата и Земјата, освен ако Господарот твој не одреди поинаку. Господарот твој, навистина, прави што сака.
А среќните ќе бидат во Џенет сè додека постојат небесата и Земјата, во него ќе престојуваат, освен ако Господарот твој не одреди поинаку; тоа ќе биде дар кој непрекидно ќе трае.“
(Худ, 118-119)
Ова е прашање околу кое едногласно се согласиле сите веровесници и пратеници, алејхиму селам, а тоа особено го нагласил и печатот на пратениците. Така, Муаз бин Џебел, Аллах нека е задоволен со него, пренесува:
„Додека јавав зад Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, а помеѓу мене и него немаше ништо освен задниот дел од седлото, тој рече: ,О, Муаз бин Џебел!’ Реков: ,Ти се одзивам, Аллахов пратенику, и среќен сум со твојот повик.’ Потоа одевме некое време, па повторно рече: ,О, Муаз!’ Реков: ,Ти се одзивам, Аллахов пратенику, и среќен сум со твојот повик.’ Потоа одевме некое време, па повторно рече: ,О, Муаз!’ Реков: ,Ти се одзивам, Аллахов пратенику, и среќен сум со твојот повик.’ Тогаш рече: ,Дали знаеш кое е Аллаховото право врз Неговите робови?’ Одговорив: ,Аллах и Неговиот Пратеник најдобро знаат.’ Тој рече: ,Аллаховото право врз Неговите робови е да Го обожуваат и ништо да не Му припишуваат како здруженик.’ Потоа одевме некое време, па повторно рече: ,О, Муаз бин Џебел!’ Реков: ,Ти се одзивам, Аллахов пратенику, и среќен сум со твојот повик.’ Тогаш рече: ,А дали знаеш кое е правото на робовите кај Аллах ако го направат тоа?’ Одговорив: ,Аллах и Неговиот Пратеник најдобро знаат.’ Тој рече: ,Правото на робовите кај Аллах е да не ги казни.‘“
[Муттефекун алејхи — го бележат Бухари (5967) и Муслим (48) како хадис кој го пренесува Муаз.
Џабир, Аллах нека е задоволен со него, исто така, пренесува:
„Еден човек дојде кај Божјиот пратеник ﷺ и го праша: ,О, Аллахов Пратенику, кои се двете несомнени работи?’ Божјиот пратеник одговори: ,Кој ќе умре без да Му припишува рамен на Аллах, ќе влезе во Џенетот. А кој ќе умре припишувајќи Му рамен на Аллах, ќе влезе во Огнот.‘“
Сахих Муслим (170)
Оваа пресуда и овој исход не се измислица на муслиманите, туку — како што и самиот виде и разбра — се божествена пресуда. Не е муслиманот тој што одлучува кој ќе биде во Џенетот, а кој во Огнот, туку пресудата на овој и на идниот свет Му припаѓа единствено на Аллах.
Она што е должност на човекот, кога Аллах ќе го упати во исламот, е да вложува труд во повикувањето на своите родители и роднини кон исламот, со надеж дека Аллах ќе ги упати кон исламот, кој е Аллаховиот Прав пат и патот на сите пратеници, алејхиму селам. Што се однесува до твоето семејство, доколку починале надвор од исламот, се надеваме дека до нив не стигнала пораката на исламот. А оној што умрел без до него да стигне пораката на исламот и без да знае за неа, Аллах нема да му направи неправда. Напротив, на Судниот ден, кога Аллах ќе ги проживее сите созданија, Тој ќе го стави на испит и ќе го стави на искушение оној до кого не стигнала пораката на исламот. Ако прифати, ќе влезе во Џенетот. Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„Во Џенетот нема да влезе освен муслиманска душа.“
Го бележат Бухари (2620) и Муслим (1003)
А ако одбие и се возгордее, Аллах ќе го воведе во Огнот поради неговата горделивост, тврдоглавост и неверство. Аллаховиот благослов и мир нека се врз нашиот веровесник Мухамед.
المصدر
ملاحظات
--