Дали треба да го извршувам намазот веднаш штом ќе го прифатам исламот?
- محاور التعريف بالإسلام
- محاسن الإسلاممحاسن العبادة
- مصدر الإجابة
- قسم الإسلام
- الباب / الفصل
- (قسم الإسلام)
السؤال
Дали треба да го извршувам намазот веднаш штом ќе го прифатам исламот?
الجواب
Да, муслиманот е должен да го извршува намазот веднаш штом ќе го прифати исламот, бидејќи намазот е вториот столб на исламот. Тој е обврска што Аллах ја пропишал за сите веровесници и пратеници, алејхиму селам, како и за нивните следбеници сè до Судниот ден. Затоа, муслиманот е должен, откако ќе влезе во исламот, да ги извршува петте намази во нивните пропишани времиња; бидејќи намазот за верниците е обврзан во точно определени времиња. Возвишениот вели:
„...бидејќи на верниците им е пропишано во одредени временски интервали намазот да го извршуваат.“
(Сура Ен Ниса, 163)
Намазот е втората наредба што Аллах му ја нареди на Муса, алејхи селам, кога неговиот Господар му се обрати. Возвишениот вели:
„А кога дојде до него, некој го повика: ,О, Муса!
Навистина, Јас Сум твојот Господар! Затоа, соблечи ги обувките свои, ти си во благословената долина Тува.
И те одбрав тебе. Затоа слушај го тоа што ќе ти се објавува!
Навистина, Јас Сум Аллах! Нема друг бог освен Мене, па Мене обожувај Ме и кога ќе се сетиш на Мене, намазот (молитвата) извршувај го!“
(Таха, 11-14). Возвишениот исто така вели:
„И Ние им објавивме на Муса и на братот негов: ,На својот народ во Египет куќи изградете им и храмови направете ги и во нив молитвите извршувајте ги! А ти израдувај ги верниците!‘“
(Јунус, 68)
Намазот има големи придобивки; меѓу најважните е тоа што му помага на човекот да биде истраен и го оддалечува од лошите дела и гревовите. Возвишениот вели:
„Кажувај го од Книгата тоа што ти се објавува и извршувај го намазот (молитвата) – намазот навистина одвраќа од развратот и од сè што е лошо; а Аллаховото спомнување на вас е поголемо од вашето спомнување на Него! – А Аллах знае што правите!“
(Ел Анкебут, 48)
Аллаховиот благослов и мир нека се врз нашиот веровесник Мухамед.
المصدر
ملاحظات
--