Зошто Аллах му го објави Благородниот Куран на пратеникот? Дали тоа значи дека се дерогирани и Тевратот и Инџилот? И дали тоа значи дека следбениците на Тевратот и Инџилот не биле на вистинскиот пат, па затоа Аллах му го објави Куранот на пратеникот Мухамед?
- محاور التعريف بالإسلام
- التعريف بمحمد صلى الله عليه وسلمالتعريف بالنبي محمد صلى الله عليه وسلمالتعريف بالقرآن الكريم
- مصدر الإجابة
- قسم القرآن والكتب السابقة
- الباب / الفصل
- (قسم القرآن والكتب السابقة)
السؤال
Зошто Аллах му го објави Благородниот Куран на пратеникот? Дали тоа значи дека се дерогирани и Тевратот и Инџилот? И дали тоа значи дека следбениците на Тевратот и Инџилот не биле на вистинскиот пат, па затоа Аллах му го објави Куранот на пратеникот Мухамед?
الجواب
На тој што прашува му се вели: Зошто Аллах го објави Тевратот, иако пред него постоеле листовите на Ибрахим? И зошто го објави Инџилот, иако пред него постоел Тевратот? Одговорот е еден: Аллах за секое време пропишува верозакон што им одговара на луѓето во тоа време. Што се однесува до основите на верувањето, тие се исти кај сите пратеници — сите тие повикуваат кон обожување само на Аллах и кон отфрлање на тагутот (лажните божества). Аллах им ја довери заштитата на Тевратот и Инџилот на учените од синовите на Исраил, но тие ги изменија и искривија. Во нивното знаење било и дека Аллах ќе испрати пратеник на крајот од времето, со кого ќе заврши редот на пратениците — а тоа е Веровесникот Мухамед ﷺ. Затоа Аллах му ја објави Книгата која ги дерогира претходните верозакони и која е важечка за секое време и место до Судниот ден. Според неа ќе суди и Иса, алејхи селам, кога ќе се врати на Земјата на крајот од времето. Аллах Самиот ја презеде нејзината заштита преку многубројни причини, па колку и да се обидуваат некои луѓе да ја искриват, нивниот обид ќе биде разоткриен. Врз основа на тоа, секој евреин или христијанин кој ќе ја доживее објавата на исламот, а нема да го прифати, не е на вистинскиот пат. Возвишениот вели:
„Многумина од Следбениците на Книгата би сакале, поради својата пакост, по вашето верување да ве вратат во неверување, иако вистината им стана јасна! Но вие простете им и преминете преку тоа, додека Аллах својата одлука не ја донесе. Аллах навистина е Семоќен.“
(Ел Бекаре, 129)
Аллаховиот пратеник ﷺ рекол:
„Се колнам во Оној во чија рака е душата на Мухамед, нема никој од овој умет – ниту Евреин ниту христијанин – што ќе чуе за мене, па ќе умре и нема да поверува во она со кое сум испратен, а да не биде од жителите на Огнот.“
(Муслим)
Под овој „умет“ се мисли на уметот на Мухамед ﷺ, односно на оние до кои е испратен, и тие се нарекуваат умет на повикот. А оние од нив кои поверувале во него се нарекуваат умет на одѕивот. Согласно на тоа, секој кој бил евреин или христијанин во своето време, верувајќи во Тевратот и Инџилот онака како што биле објавени — без да ги менува или искривува — и починал пред пратеништвото на Мухамед ﷺ, тој бил на вистинскиот пат. Додека пак, секој што го доживеал времето на исламот, а не го прифатил, таквиот е во заблуда.
المصدر
ملاحظات
--