Дали е точно дека Пратеникот Мухамед го напишал Куранот и го препишал од Инџилот (Новиот завет — Евангелието)?
- محاور التعريف بالإسلام
- التعريف بمحمد صلى الله عليه وسلمالتعريف بالنبي محمد صلى الله عليه وسلمالتعريف بالقرآن الكريمالشبهات والاعتراضاتشبهات حول القرآن
- مصدر الإجابة
- قسم القرآن والكتب السابقة
- الباب / الفصل
- (قسم القرآن والكتب السابقة)
السؤال
Дали е точно дека Пратеникот Мухамед го напишал Куранот и го препишал од Инџилот (Новиот завет — Евангелието)?
الجواب
Како одговор на ова прашање велиме:
Прво: Тој што го поставува ова прашање не го познава ниту Куранот ниту Инџилот; бидејќи Куранот е целосно различен од Инџилот, а Инџилот не е едно евангелие, туку повеќе евангелија. Дали тој што праува со тоа мисли дека Пратеникот Мухамед ﷺ препишувал од Марко, Лука, Матеј или Јован, или од посланијата на Павле или Јаков?
Второ: Евангелијата меѓусебно се разликуваат во многу прашања. Меѓу нив е и фактот дека Евангелието по Јован има за цел да ја утврди идејата дека Месихот е Божји син — Возвишен е Аллах над она што тие го зборуваат! — додека трите други евангелија не го изразуваат тоа на јасен начин. Исто така, тие се разликуваат и околу прашањето за распнувањето. Па од кое евангелие тогаш би препишувал Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем?
Трето: Куранот дојде да исправи одредени прашања околу кои евреите и христијаните имаат погрешни верувања. Возвишениот Аллах вели:
„Овој Куран на синовите Израилови најмногу им кажува за тоа за што не се согласуваат.“
(Ен Немл, 76)
Меѓу тие прашања е и невиноста на Мерјем од она со што била наклеветена. Возвишениот вели:
„Месих, синот Мерјемин, е само Пратеник, и пред него доаѓаа и заминуваа Пратеници, а мајката негова беше вистинољубива; и двајцата јадеа храна. Погледни како Ние изнесуваме јасни докази и потоа погледни ги нив како се одметнуваат.“
(Ел Маиде, 44)
Исто така и прашањето за враќањето на Месихот, алејхи селам, на земјата пред крајот на времето: христијаните веруваат дека ќе слезе како Божји син за да им суди на луѓето, додека Куранот потврдува дека тој е човек и Аллахов пратеник, кој ќе слезе како еден од предзнаците на Судниот ден. Возвишениот вели:
„Навистина тој (Иса) е предзнак за Крајот на светот, затоа никако не се сомневајте во него и следете го упатството Мое! Ова е Правиот пат.“
(Ез Зухруф, 61)
Четврто: Куранот спомнува работи за Иса и за неговата мајка, алејхима селам, кои не им се познати на христијаните, како што се неговиот говор веднаш по раѓањето и спуштањето на трпезата од небото. Возвишениот Аллах вели:
„Иса, синот Мерјемин, рече: ,О, Аллаху, Господару наш, спушти ни од небо трпеза да ни биде празник, и на првите од нас и на подоцнежните, и чудо Твое, и снабди нè, а Ти си најдобриот Снабдувач!‘“
Петто: Куранот е чист од грешките што се наоѓаат во евангелијата и од многуте противречности што ги содржат.
Шесто: Пратеникот ﷺ не знаел да чита и да пишува, а тоа е спомнато во Куранот. Возвишениот вели:
„Ти пред неа ниту една книга не си читал, а ниту со својата десна рака не си ја пишувал, инаку, би се посомневале тие што кажуваат лаги.“
(Ел Анкебут, 48)
Неговиот народ бил неписмен; читањето не било проширено меѓу нив, книгите на Следбениците на Книгата не биле во оптек во Мека, и тие немале познавање за она што го содржеле тие книги.
По ова појаснување, дали може објективен човек да тврди дека Пратеникот ﷺ го напишал Куранот врз основа на Инџилот и го препишал од него? Ние сме уверени дека секој објективен човек, кога ќе го прочита овој одговор, ќе заклучи дека прашувачот не го познава ниту Куранот ниту Инџилот.
Што се однесува до она што во Инџилот се совпаѓа со Благородниот Куран, тоа се остатоци од вистината со која дошол Иса, алејхи селам, како што е повикот кон обожување само на Аллах. Чудно е што оние што шират сомнежи за Куранот и ги доведуваат во заблуда христијаните, тврдејќи дека Пратеникот Мухамед ﷺ го препишал Куранот од Инџилот, го занемаруваат тоа дека Инџилот јасно го најавува доаѓањето на Пратеникот Мухамед ﷺ и им наложува на своите следбеници да поверуваат во него кога ќе биде испратен. Наместо тоа, тие го премолчуваат тоа и настојуваат да го сокријат и искриват.
المصدر
ملاحظات
--