Skip to content

Дали муслиманите веруваат дека сите вери водат до истиот исход?

محاور التعريف بالإسلام
الشبهات والاعتراضات
مصدر الإجابة
قسم الأديان والفرق
الباب / الفصل
(قسم الأديان والفرق)

السؤال

Дали муслиманите веруваат дека сите вери водат до истиот исход?

الجواب

Верата што Аллах им ја пропишал на Своите робови и со која ги задолжил сите пратеници, алејхиму салату ве селам, да им ја пренесат на своите следбеници, е исламот. Сите веровесници биле следбеници на исламот. Возвишениот Аллах вели:

„Тој ви го пропишува во верата истото тоа што му го наредил и на Нух и тоа што ти го објавуваме тебе, и тоа што му го наредивме на Ибрахим и на Муса и на Иса: ,Вистинската вера исповедајте ја и во тоа не се раздвојувајте!' Тешко им е на многубошците да се одѕвијат на твојот повик. Аллах за Својата вера одбира кого Тој сака и го упатува во неа тој што искрено ќе Му се обрати.“

(Еш Шура, 13)

Возвишениот исто така вели:

„И Ибрахим, како и Јакуб, тоа им го остави во аманет на своите синови: ,Синови мои, Аллах ви ја одбра вистинската вера, и никако не умирајте поинаку туку само како муслимани!ʼ“

(Ел Бекаре, 129)

„Дали бевте присутни кога на Јакуб смртниот час му дојде и кога синовите свои ги праша: ,Кого, откако ќе умрам, ќе го обожувате?' – ,Ќе Го обожуваме' – одговорија – ,твојот Бог, Богот на твоите предци, Ибрахим и Исмаил и Исхак. Единиот Бог! И ние Нему Му се покоруваме!ʼ“

„Кажете: ,Ние веруваме во Аллах, и во тоа што ни се објавува, и во тоа што му беше објавено на Ибрахим, и на Исмаил, и на Исхак, и на Јакуб, и на внуците; и во тоа што му е дадено на Муса, и на Иса, и во тоа што им е дадено на веровесниците од Господарот нивен; ние не правиме никаква разлика меѓу нив и ние само Нему Му се покоруваме.ʼ“

Секој што ќе прифати друга вера освен исламот — таа нема да му биде прифатена, а неговите дела му се отфрлени. Возвишениот вели:

„А тој што сака друга вера освен исламот, нема да му биде примена, и тој на оној свет ќе биде меѓу губитниците.“

(Сура Али Имран, 81)

Затоа муслиманот верува дека сите други религии се неосновани, дека вистинската вера е една и дека добриот исход, возвишениот крај и големиот успех на Ахиретот (оној свет) го чекаат оној што ќе го сретне Аллах како муслиман. А оној што ќе го сретне Аллах како неверник, припишувајќи Му здруженик, ги загубил и овој и идниот свет. Возвишениот вели:

„Тие што не веруваат од следбениците на Книгата и многубошците, сигурно ќе бидат во огнот џехенемски, во кој вечно ќе останат; – тие се најлошите суштества.“

(Ел Бејине, 7-8)

Возвишениот Аллах, вели:

„Кажи: ,Само Аллах Го обожувам искрено исповедајќи Му ја верата своја,

а вие, покрај Него, обожувајте кого сакате!'Кажи: ,Губитници се, навистина, тие што на Судниот Ден ќе се изгубат и себеси и семејствата свои. Ете, тоа е очигледен губиток!ʼ“

(Ез Зумер, 65)

Возвишениот Аллах е Вистината и Тој постапува праведно. Од Неговата совршена правда е тоа што на Судниот ден ќе ја одреди судбината на сите верници во Аллах, кои ги потврдиле пратениците, алејхиму салату ве селам, да биде Џенетот. Возвишениот вели:

„Тие што им се покорни на Аллах и на Пратеникот, ќе бидат во друштвото со оние на кои Аллах Своите благодати им ги дарил: веровесниците, праведниците, шехидите и добрите луѓе. А тоа е прекрасно друштво!“

(Сура Ен Ниса, 163)

Одредил рајното одредиште на неверниците да биде Огнот — а тоа е ужасно престојувалиште! Возвишениот вели:

„А кого Аллах ќе го упати – тој е навистина упатен, а тој што ќе го заблуди – на нив, освен Него, нема да им најдеш заштитници. Ние на Судниот ден ќе ги собереме со лицата кон земјата свртени, слепи, неми и глуви; живеалиштето нивно ќе биде Џехенемот; кога ќе им се намали пламенот, ќе им го зголемиме огнот.

Тоа ќе им биде казна бидејќи во Нашите докази не веруваа и велеа: ,Зарем кога ќе станеме коски и прав, ќе бидеме оживеани како нови созданија?ʼ“

(Ел Исра, 88)

„Аллах, сигурно, во Џехенемот заедно ќе ги здружи лицемерите и неверниците.“

Ова е совршената правда од Него, Славениот и Возвишениот: да ги собере верниците во Џенетот, а неверниците во Џехенемот. Го молиме Аллах да нè сочува од казната во Огнот.

المصدر

قسم الأديان والفرق

ملاحظات

--