Дали исламот го поддржува гледиштето дека Месихот, алејхи селам, умрел на крст?
- محاور التعريف بالإسلام
- المحتوى المخصص بحسب الدينمحتوى للنصارىالتعريف بالأنبياء السابقين ومكانة عيسى عليه السلامحقيقة عيسى عليه السلام
- مصدر الإجابة
- قسم الأديان والفرق
- الباب / الفصل
- (قسم الأديان والفرق)
السؤال
Дали исламот го поддржува гледиштето дека Месихот, алејхи селам, умрел на крст?
الجواب
Исламот не негира дека во времето на Месихот, алејхи селам, се случило распнување. Евреите се обиделе да го убијат и да го распнат Месихот, алејхи селам, па Аллах го спасил од нив и го воздигнал кај Себе, така што не му нанеле никакво зло. Неговиот лик бил пресликан на друг човек, кого евреите го фатиле во заговор со тогашниот римски пагански владетел, го убиле и го распнале на крст, мислејќи дека го убиле Месихот, алејхи селам. Возвишениот Аллах вели:
„А кога Иса почувствува дека тие не веруваат, рече: ,Кои ќе ми бидат помошници на Аллаховиот пат?' ,Ние сме помагачи на Аллаховата вера!' – рекоа учениците – ,Ние веруваме во Аллах, а ти биди сведок дека ние сме муслимани!
Господару наш, ние веруваме во тоа што Ти го објави и Пратеникот го следиме, па забележи нè како сведоци на верата!'
И неверниците почнаа да смислуваат интриги, па и Аллах тоа им го направи! А Аллах најдобро го умее тоа!
И кога Аллах рече: ,О, Иса, Јас душата ќе ти ја земам и кон Себе ќе те воздигнам! Ќе те спасам од неверниците и ќе сторам тие што те следат да бидат над неверниците сè до Судниот ден! Потоа Мене ќе ми се вратите, па Јас ќе ви пресудам за тоа за што не се согласувавте!‘“
(Али Имран, 52-55) Возвишениот вели:
„И поради зборовите нивни: ,Ние го убивме Месих, Иса, синот Мерјемин, Аллаховиот Пратеник.' А ниту го убија ниту го распнаа, туку само им се причини! Тие што не се согласуваа во мислењата за него, тие за тоа само се сомневаа; за тоа ништо сигурно не знаеја, само нагаѓаа; а сигурно е дека не го убија,
туку Аллах го воздигна кон Себе! А Аллах е Силен и Мудар.
„И нема ниту еден следбеник на Книгата кој нема да поверува во него како што треба, пред неговата (Исаовата) смрт, а на Судниот ден тој против нив ќе сведочи.“
(Сура Ен Ниса, 163)
Месихот Иса, синот на Мерјем, алејхи селам, не бил распнат ниту убиен, туку Аллах го воздигнал кај Себе. Тој сега е на второто небо и ќе слезе пред Судниот ден, а неговото слегување е еден од големите предзнаци на Часот. Тој ќе го убие лажниот месија Деџалот, ќе го скрши крстот што бил обожуван покрај Аллах и за кој христијаните тврдат дека бил распнат на него, ќе ја убие свињата и ќе владее според шеријатот на исламот. Божјиот пратеник ﷺ рекол:
„Се колнам во Оној во Чии раце е мојата душа, Иса, синот на Мерјем, наскоро ќе слезе меѓу вас како праведен владетел. Тој ќе го скрши крстот, ќе ја убие свињата и ќе ја укине џизјата, а имотот ќе се зголеми до таа мера што никој нема да го прифаќа.“
Сахих Бухари (2476) и Муслим (155)
المصدر
ملاحظات
--