Зошто муслиманите се делат на групи и правци, иако следат една книга?
- محاور التعريف بالإسلام
- الشبهات والاعتراضات
- مصدر الإجابة
- قسم الأديان والفرق
- الباب / الفصل
- (قسم الأديان والفرق)
السؤال
Зошто муслиманите се делат на групи и правци, иако следат една книга?
الجواب
Прво: Поделбата и разидувањето се универзален закон според кој Аллах го создал човештвото. Возвишениот Аллах вели:
„А Господарот твој да сакаше, сите луѓе следбеници на една вера ќе ги направеше. Меѓутоа, тие секогаш во верувањата ќе се разединуваат,
освен тие на кои Господарот твој ќе им се смилува. А затоа и ги создаде. И ќе се остварат зборовите на Господарот твој: Навистина ќе го наполнам Џехенемот со џини и со луѓе – заедно!“
(Худ, 118-119)
Од Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, се пренесува дека Аллаховиот пратеник ﷺ рекол:
„Евреите се поделија на седумдесет и една или седумдесет и две групи, христијаните исто така, а мојот умет ќе се подели на седумдесет и три групи.“
Го бележи Тирмизи и рекол: „Хадисот е хасен-сахих.“
Второ: Разидувањето не е причина да се обвини верата, доколку таа е вистина од Аллах; за осуда е оној што се оддалечил од вистинската вера и ја напуштил заедницата.
Трето: Пратеникот ﷺ ни појасни кого да следиме кога луѓето ќе се разидат, со кого да бидеме и каде е вистината кога разидувањата ќе се зголемат. Откако ја спомна поделбата, појасни дека сите групи се во заблуда освен една — таа што е на вистината — па рече:
„Сите ќе бидат во Огнот освен една.“ Рекоа: „Која е таа, о Аллахов пратенику?“ Тој одговори: „Оние што се на она на кое сум јас и моите асхаби.“
Сунен Тирмизи (2641)
Пратеникот ﷺ исто така рекол:
„Следбениците на двете Книги се поделија во својата вера на седумдесет и две групи, а овој умет ќе се подели на седумдесет и три групи — односно: групи што се водат по сопствените страсти. Сите ќе бидат во Огнот освен една, а таа е џемаатот (заедницата).“
Муснед Ахмед (16937) и Ебу Давуд (4597)
„Навистина, оној што ќе поживее од вас ќе види многу разидувања. Чувајте се од новововедени работи, бидејќи тие се заблуда. Кој од вас ќе го доживее тоа, нека се држи до мојот сунет и сунетот на праведните, упатени халифи — држете се за тоа цврсто.“
Сунен Тирмизи (2676) и Сунен Ибн Маџе (43); Тирмизи рекол: „Хадисот е хасен-сахих.“
Оваа група го претставува вистинскиот ислам — тоа е она на кое биле Пратеникот ﷺ и неговите асхаби во сите аспекти на животот; тие се ехли сунет вел џемаат.
Четврто: Евреите и христијаните се разидоа, а меѓу нив не остана ниту една група што е на вистината; додека во оваа вера, во исламскиот умет, секогаш ќе постои една група што постојано ќе биде на вистинската вера — сè додека не дојде Аллаховата наредба — како што за тоа не известил Пратеникот ﷺ:
„Една група од мојот умет постојано ќе биде на вистината; нема да им наштети оној што ќе ги напушти/предаде, сè додека не дојде Аллаховата наредба, и тие ќе останат такви.“
Сахих Муслим (170)
Исто така, Возвишениот вели:
„Тие сакаат да го изгаснат Аллаховото светло со устите свои, а Аллах го надополнува светлото Свое, макар тоа и да го мразат неверниците.
Тој го прати Пратеникот Свој со упатството и вистинската вера, за да ја издигне над сите вери, дури и да не им е по волја на многубошците.“
(Ес Саф, 6)
Петто: Разидувањето во исламот е од два вида: дозволено разидување, при кое оној што има различно мислење не се смета дека е во зааблуда или дека скршнал од вистинскиот пат. Такво е разидувањето во некои фикхски прашања, односно во практичните споредни прописи, како што се прашањата за чистотата, намазот, купопродажбата и правото. Причините за ваквото разидување се различни, меѓу кои е и разликата во разбирањето: некои луѓе имаат пошироко и попрецизно разбирање, па доаѓаат до заклучоци до кои другите не доаѓаат. Понекогаш причината е и нејасноста на доказот, заедно со други фактори. Овој вид прашања, во кои постои разидување, претставува поле за иџтихад на учените.
А вториот вид е забрането разидување, кое е осудено во повеќе ајети, меѓу кои се зборовите на Возвишениот Аллах:
„Ти немаш ништо со тие кои верата своја ја распарчија и во секти се поделија, Аллах за нив ќе се погрижи. Тој ќе ги извести за тоа што го правеа.“
(Ел Енам, 18)
И зборовите на Возвишениот:
„Како тие кои верата своја ја растурија и во секти се поделија; секоја секта задоволна со тоа што го проповеда.“
(Ер Рум, 32)
Тоа е разидување во големите прашања на верувањето, како што се пратеништвото, иманот, одредбата, Аллаховите својства и асхабите. Па така, има групи чие разидување во овие прашања се смета дека ги изведува од кругот на исламот, поради спротивставување на консензусот на селефот, а има и такви кај кои тоа не се смета за такво.
Аллаховиот благослов и мир нека се врз нашиот веровесник Мухамед.
المصدر
ملاحظات
--