Каков е ставот на исламот кон немуслиманите кои не војуваат против исламот?
- محاور التعريف بالإسلام
- الشبهات والاعتراضات
- مصدر الإجابة
- قسم ما يتعلق بغير المسلمين والشرك والعبادة
- الباب / الفصل
- (قسم ما يتعلق بغير المسلمين والشرك والعبادة)
السؤال
Каков е ставот на исламот кон немуслиманите кои не војуваат против исламот?
الجواب
Ставот на исламот кон немуслиманите е појаснет во зборовите на Возвишениот Аллах:
„Аллах не ви забранува да чините добро и да бидете праведни кон тие што не војуваат против вас заради верата и кои од родниот крај не ве прогонуваат – Аллах, навистина, ги сака тие што се праведни.“
(Ел Мумтехине, 8)
Во добрината кон нив спаѓа: убав однос и добрина кон нив, давање милостина, добрососедство, помагање во нивните потреби, учество во нивните настани што не се поврзани со нивната вера, како и одѕивање на нивните покани за свечености, како што се свадби и слично — под услов човекот да биде сигурен во својата вера и таму да не се појавува нешто што е забрането, како пиење алкохол. Така, од Есма бинт Ебу Бекр, Аллах нека е задоволен од нив обајцата, се пренесува дека рекла:
„Мајка ми, која беше многубошка, дојде кај мене во време на договорот со Курејшиите. Го прашав Божјиот пратеник ﷺ и реков: ,О Божји пратенику, мајка ми дојде кај мене и сака да одржувам врска со неа. Дали да ја почитувам мајка ми?’ Тој рече: ,Да, одржувај врска со мајкати.‘“
Го бележат Бухари (2620) и Муслим (1003)
Едно од најголемите добрини кон нив е нивното повикување во исламот, и нема сомнеж дека повикот во исламот се одвива постепено, како што е подробно објаснето во даветските и фикхските книги.
И неверникот — зиммиј (немуслиман под муслиманска заштита) или муахед (немуслиман со договор) — има права кај муслиманите; не е дозволено да му се наштети, а камоли да се убие. Аллаховиот пратеник ﷺ рекол:
„Кој ќе убие лице со загарантирана безбедност, нема да го почувстува мирисот на Џенетот, а неговиот мирис се чувствува од далечина од четириесет години.“
Бухари, со бр. (3166)
Исламот е вера на правдата, умереноста и милоста.
المصدر
ملاحظات
--