Skip to content

Зошто човекот треба да Го обожува Возвишениот Аллах?

محاور التعريف بالإسلام
الشبهات والاعتراضات
مصدر الإجابة
قسم ما يتعلق بغير المسلمين والشرك والعبادة
الباب / الفصل
(قسم ما يتعلق بغير المسلمين والشرك والعبادة)

السؤال

Зошто човекот треба да Го обожува Возвишениот Аллах?

الجواب

Одговорот на ова прашање е многу значаен и бара подетално и опширно објаснување, но ние ќе се обидеме да бидеме што е можно пократки, па со Аллахова помош , велиме:

Практикувањето на верата е неопходна потреба што душата ја бара, срцето копнее по неа, а разумот ја наложува. Човекот не може да живее без вера, затоа гледаме дека сите народи на некој начин прават ибадет. Но тоа што прават ибадет не значи дека нивниот ибадет е исправен; туку укажува дека ибадетот е вродена и неопходна потреба кај човекот.

Навистина, Возвишениот Аллах ги има најубавите имиња и возвишените својства. Тој е Господарот, Снабдувачот, Управувачот, Сопственикот, Оној Кој оживува и усмртува. Тој е Оној Кој нè дарува со сите благодати — и оние што ги знаеме и оние што не ги знаеме. И бидејќи човекот по природа има потреба од ибадет, тогаш е должен да Го обожува единствено Оној Кој навистина го заслужува тоа — а тоа е Семоќниот Аллах. Возвишениот вели:

„О, луѓе, обожувајте Го Господарот ваш Кој ве создаде и вас и тие пред вас, за да бидете богобојазливи.“

Кој Земјата постела, а небото кров ви ги направи; Кој од небото ви го спушта дождот и со него создава плодови, снабдување за вас. Затоа не припишувајте Му здруженик на Аллах, знаејќи го тоа.“

(Ел Бекаре, 129)

Навистина, човекот има потреба од упатство во сите работи, а Аллах е Тој што упатува. Па ако не Го обожува Него, како ќе бара од Него да го упати? Затоа муслиманот во секој намаз го изговара она што Возвишениот вели:

„Само Тебе Те обожуваме и само од Тебе помош бараме!

Упати нè на Правиот пат.

На патот на тие на коишто благодатта им ја подари, а не на тие коишто гневот го предизвикаа ниту на тие што заталкаа!“

(Ел Фатиха, 5-7)

Ако Аллах не го упати, ќе се соочи со тешкотии во своите работи.

Навистина, човекот по својата природа тежнее кон убав и спокоен живот, а таквиот живот се постигнува само кај верниците. Возвишениот вели:

„На тој што прави добро, било маж или жена, а верник е, Ние ќе му дадеме да проживее убав живот и навистина ќе ги наградиме според подоброто што го правеле.“

(Ен Нахл, 97)

Во таквиот живот човекот постигнува внатрешен мир, задоволство и спокојство.

Животот по својата природа е исполнет со искушенија и неволји, а верата и обожувањето на Аллах му даваат на верникот — со Аллахова дозвола — внатрешна рамнотежа во такви моменти, за да не ја изгуби присебноста кога ќе се соочи со тешкотии. Така, верата му дарува на човекот цврстина и трпение. Возвишениот вели:

„Нема неволја која ќе ја погоди Земјата и вас, а која не е, пред да ја дадеме, запишана во Книгата – тоа за Аллах е навистина лесно.“

(Ел Хадид, 22)

Возвишениот исто така вели:

„Никаква неволја не се случува освен со Аллахова дозвола. А кој верува во Аллах, Тој ќе го упати неговото срце, а Аллах сè добро знае.“

(Ет Тегабун, 11)

Човекот има потреба да го стекне задоволството на својот Господар и Создател — и на овој и на идниот свет — а тоа задоволство не се постигнува освен преку верување во Него и обожување според она што Тој го наредил. Возвишениот вели:

„А тие што веруваат и прават добри дела – тие навистина се најдобрите суштества,

наградата нивна кај Господарот нивен ги чека; еденски градини низ кои реки течат, во кои вечно и засекогаш ќе останат; Аллах ќе биде од нив задоволен, а и тие ќе бидат од Него задоволни. Ете, тоа ќе биде за тој што од Господарот свој се плаши!“

(Ел Бејине, 7-8)

Верувањето во Аллах и Неговото обожување му даваат на човекот јасно мерило преку кое разликува меѓу вистината и невистината, како и меѓу упатството и заблудата. Човекот во сите состојби има потреба од вакво мерило, за да не му припише на нешто поголема вредност отколку што заслужува, ниту да го возвеличува она што не е достојно за возвеличување, ниту пак да занемари она што заслужува почит и следење.

Човекот има свој одреден крај што неизбежно ќе го дочека, и ќе му дојде часот на смртта. Смртта сама по себе е застрашувачка, но има голема разлика меѓу смртта на верникот, кој Го обожува својот Господар, и смртта на неверникот. Затоа, размисли за разликата меѓу крајот на верникот и крајот на неверникот. Возвишениот вели:

„И кога тој Ден Џехенемот ќе биде доведен; тогаш човекот ќе се сети – а за што ќе му е тогаш сеќавањето?! –

и ќе рече: ,Камо среќа за овој живот да се подготвев!'

Тој Ден никој како Него нема да казнува, и никој како Него нема да врзува.

А ти, о, душо смирена,

врати Му се на Господарот свој задоволна, а и Тој од тебе задоволен.

Па влези меѓу робовите Мои

и влези во Џенетот Мој!“

(Ел Феџр, 23-30)

„На тие што велат: ,Наш Господар е Аллах', па потоа останат истрајни, им се симнуваат мелеци: ,Не плашете се и не тагувајте, и радувајте се на Џенетот кој ви е ветен.‘“

(Фусилет, 30)

„А да видеше само кога мелеците на неверниците душата им ја земаа и по лицата нивни и одназад ги удираа: ,Вкусете го страданието во огнот!‘“

(Ел Енфал, 50)

Аллах извести и вети — а Неговите известувања и ветувања се вистинити — дека ќе ги оживее оние што се во гробовите. За тоа изнесе безброј докази, кои се јасно изложени во Величествениот Куран. Секој човек неизбежно ќе го дочека Денот кога ќе застане пред својот Господар. Оној што бил верник ќе ужива во вечните благодати на Џенетот, додека оној што бил непослушен ќе се соочи со трајна казна во џехенемскиот оган.

المصدر

قسم ما يتعلق بغير المسلمين والشرك والعبادة

ملاحظات

--