Дали е точно дека веровесникот Мухамед ﷺ е последниот од веровесниците и пратениците? Ако е така, која е причината за тоа? Зарем човештвото денес нема потреба од нови веровесници?
- محاور التعريف بالإسلام
- الغاية من خلق الإنسان ومعنى الحياةالخير والشرالتعريف بمحمد صلى الله عليه وسلمالتعريف بالنبي محمد صلى الله عليه وسلم
- مصدر الإجابة
- قسم النبوة
- الباب / الفصل
- (قسم النبوة)
السؤال
Дали е точно дека веровесникот Мухамед ﷺ е последниот од веровесниците и пратениците? Ако е така, која е причината за тоа? Зарем човештвото денес нема потреба од нови веровесници?
الجواب
Веровесникот Мухамед ﷺ е печатот на веровесниците, алејхиму селам. Бидејќи верата со која е испратен е најсовршената, нејзината одлика е тоа што е соодветна за секое време и секое место, а нејзиното појаснување и пренесување меѓу луѓето го вршат учените.
Оној што го поставува ова прашање како да Му се спротивставува на Аллах, Господарот на световите, и вели: „Јас знам подобро од Тебе, па зошто не ги направи пратеништвата последователни?“ Но Аллах најдобро знае кому ќе му ја довери Својата порака. Возвишениот вели:
„А кога ним им доаѓа доказ, тие велат: ,Ние нема да веруваме сè додека и нам не ни се даде нешто слично на тоа што им е дадено на Аллаховите Пратеници'. А Аллах најдобро знае кому ќе му го довери пратеништвото Свое.“
(Ел Енам, 18)
Возвишениот Аллах нè известува дека претходните пратеништва, како пратеништвото на Ибрахим, Муса и Иса, алејхиму селам, биле упатени кон одредени народи и имале одреден временски рок по кој завршувале. Аллах не презел обврска за нивно зачувување, туку го препуштил тоа на луѓето, па тие ги запоставиле и ги искривиле нивните учења. Возвишениот Аллах вели:
„Ние го објавивме Тевратот, кој содржи упатство и светлина. Според него на eвреите им судеа веровесниците, кои Му беа послушни на Аллах и честити луѓе, и учени, од кои е барано да ја чуваат Аллаховата Книга, и тие над неа бдееја.“
(Ел Маиде, 44)
Аллах ги известил Своите пратеници, алејхиму селам, дека божествените пратеништва ќе завршат со пратеништвото на нашиот веровесник Мухамед ﷺ. Возвишениот Аллах одреди тие пратеништва да се надополнуваат едно со друго, при што секое наредно го довршува она што го започнало претходното. Во врска со ова извести и веровесникот Давуд, алејхи селам, кога рече: „Каменот, што го отфрлија ѕидарите, стана глава на аголот. Тоа е од Господа, и е прекрасно во очите наши..“ (Псалми 117:22-23).
Значењето на оваа радосна вест е дека божествените пратеништва наликуваат на градба: секој веровесник го надополнува она што го започнал претходниот. Така, кога се заокружи испраќањето на веровесниците и ќостана само последниот, а градбата се приближи до своето совршенство и ѝ недостасуваше уште само една „тула“, Аллах го испрати Својот пратеник и миленик Мухамед ﷺ. Со него ја усоврши верата, ја употполни благодатта, ги запечати веровесништвата и ја доврши градбата. Затоа, Божјиот пратеник Мухамед ﷺ е печатот на веровесниците и пратениците, алејхиму селам, и токму на него се однесува примерот со каменот спомнат во зборовите на Давуд, алејхи селам.
Оваа вест се спомнува и во Инџилите (Евангелијата), каде што се навестува доаѓањето на Пратеникот Мухамед ﷺ, печатот на веровесниците. Иса, алејхи селам, укажал дека со испраќањето на последниот пратеник ќе се заокружат божествените пратеништва, ќе се усоврши верата и ќе се употполни благодатта. Затоа рекол, како што пренесува Матеј: „А Исус им рече: Зар не сте читале во Книгите: ,Каменот, што го отфрлија ѕидарите, стана глава на аголот: Тоа е од Господа и чудесно е во очите наши.’“ (Матеј 21:42)
Исто така, оваа вест се спомнува и во Првото послание на апостол Петар (2:7).
Божјиот пратеник Мухамед ﷺ појаснил како го довршил она што го започнале веровесниците пред него и како неговата мисија претставува продолжение и заокружување на нивната, па рекол:
„Мојот пример и примерот на веровесниците пред мене е како примерот на човек кој изградил куќа, ја разубавил и ја усовршил, но ѝ недостасувала една тула на едно место. Луѓето ја обиколувале, се восхитувале на неа и велеле: ,Зошто не е поставена оваа тула?’ Јас сум таа тула, и јас сум печатот на веровесниците.“
Сахих Бухари (3535), а верзијата е негова, и Сахих Муслим (2286)
Така, со испраќањето на нашиот веровесник Мухамед ﷺ верата беше усовршена и благодатта надополнета. Возвишениот Аллах вели:
„Денес верата ваша ви ја усовршив и благодaтта Своја спрема вас ја надополнив и задоволен Сум исламот да ви биде вера.“
Што се однесува до Божјиот пратеник Мухамед ﷺ, Аллах одреди тој да биде пратеник до целото човештво. Возвишениот вели:
„Ние те пративме на целото човештво, радосни вести да им носиш и да ги опоменуваш, но повеќето луѓе не знаат.“
(Сабе, 28)
Возвишениот исто така вели:
„Кажи: ,О, луѓе, јас сум ви на сите вас Аллахов Пратеник...‘“
(Ел Араф, 158)
Со тоа, Аллах одреди неговата Порака да остане трајна до Судниот ден и обезбеди, како шеријатски така и космички причини, преку кои таа ќе се сочува и ќе опстои до Судниот ден. Меѓу тие причини е и тоа што оние кои поверуваа во Пратеникот ﷺ за време на неговиот живот, го сретнаа, учеа од него и ја пренесоа неговата порака, беа повеќе од сто илјади. Тие ја пренесоа оваа вера на оние по нив. За разлика од тоа, бројот на учениците кои беа со Иса, алејхи селам, не надминуваше седумдесет, а во Муса, алејхи селам, поверуваа само малкумина.
Конечната порака на Мухамед ﷺ се пренесува низ генерациите преку непрекинато, веродостојно мутеватир пренесување, без разлика дали станува збор за верувањето, ибадетите, меѓучовечките односи, однесувањето или животните состојби. Затоа, човекот денес јасно може да види дека обредите што ги извршуваат муслиманите се истите оние што ги практикувале асхабите на Пратеникот ﷺ, Аллах нека е задоволен од сите нив. Исто така, објавата со која дојде Пратеникот ﷺ — било да е Благородниот Куран или Пратеничкиот сунет — е сочувана под Аллахова заштита и од неа не е изгубена ниту една буква.
Бидејќи е така — а Пораката е трајна и зачувана, соодветна за секое време и место, прилагодлива на секоја средина и применлива во секоја околност — луѓето денес имаат потреба да се придржуваат до неговата вера и да постапуваат според неговиот сунет, и тоа им е доволно. Дури и кога би бил испратен некој пратеник, тој би бил од неговиот умет и би постапувал според неговиот шеријат. Возвишениот Аллах вели:
,,Аллах од секој веровесник на кого Книга му објавил и знаење му дал зел обврска: ,Кога после вас ќе дојде Пратеник кој ќе потврди дека е вистина тоа што го имате, дали целосно ќе му поверувате и ќе го поддржите? Дали се сложувате и ја прифаќате таа обврска кон Мене?' Тие одговорија: ,Прифаќаме'. ,Тогаш бидете сведоци,' – рече Тој – ,а и Јас со вас ќе сведочам'“.
(Сура Али Имран, 81)
Аллаховиот благослов и мир нека се врз нашиот веровесник Мухамед.
المصدر
ملاحظات
--