Кој е Мухамед ﷺ?
- محاور التعريف بالإسلام
- التعريف بمحمد صلى الله عليه وسلمالتعريف بالنبي محمد صلى الله عليه وسلم
- مصدر الإجابة
- قسم النبوة
- الباب / الفصل
- (قسم النبوة)
السؤال
Кој е Мухамед ﷺ?
الجواب
Мухамед ﷺ е: Мухамед бин Абдулах бин Абдулмуталиб ел-Курејши, од потомството на Исмаил, синот на Ибрахим, алејхи селам. Тој е печатот на веровесниците, првенецот на потомството на Адем и застапникот чие застапништво ќе биде прифатено на Судниот ден. Божјиот пратеник ﷺ рекол:
„Немало ниту еден веровесник а да немал дова која му била исполнета на овој свет, а јас ја сочував мојата дова како застапништво за мојот умет. Јас сум првенецот на потомството на Адем на Судниот ден – и не се фалам; јас сум првиот над кого ќе се расцепи земјата – и не се фалам; во мојата рака е знамето на пофалбата – и не се фалам; Адем и сите по него ќе бидат под моето знаме – и не се фалам.“
Муснед Ахмед, изд. Ер-Рисале (2546), и Сунен ет-Тирмизи (3148).
Божјиот пратеник Мухамед ﷺ е највеличествениот од пратениците, а Аллах зел завет од сите веровесници, алејхиму селам, да го следат кога ќе го испрати. Возвишениот вели:
,,Аллах од секој веровесник на кого Книга му објавил и знаење му дал зел обврска: ,Кога после вас ќе дојде Пратеник кој ќе потврди дека е вистина тоа што го имате, дали целосно ќе му поверувате и ќе го поддржите? Дали се сложувате и ја прифаќате таа обврска кон Мене?' Тие одговорија: ,Прифаќаме'. ,Тогаш бидете сведоци,' – рече Тој – ,а и Јас со вас ќе сведочам'“.
(Сура Али Имран, 81)
Ибн Кесир, Аллах нека му се смилува, рекол:
„Возвишениот известува дека зел завет од секој веровесник кого го испратил – од Адем, алејхи селам, до Иса, алејхи селам – дека, што и да им дал Аллах од Книга и мудрост, и до кој степен и да достигнал, ако потоа му дојде Пратеник, сигурно ќе му поверува и ќе го поддржи, и дека она што го поседува од знаење и веровесништво нема да го спречи да го следи и поддржи оној што ќе биде испратен по него…“ Потоа рекол: ,,Али бин Ебу Талиб и неговиот братучед Абдулах бин Абас, Аллах нека е задоволен со нив, рекле: ,Аллах не испратил ниту еден веровесник, а да не зел завет од него: ако Мухамед биде испратен додека тој е жив, сигурно ќе му поверува и ќе го поддржи. И му наредил да земе завет од својот народ: ако Мухамед ﷺ биде испратен додека тие се живи, сигурно ќе му поверуваат и ќе го поддржат.'“
Тефсир на Ибн Кесир (2/67)
Аллаховиот пратеник Мухамед ﷺ е пратен како потврда на она што му претходело од книгите и објавите, и повикувал кон верување во пратениците што му претходеле, и тоа е во согласност со она со што дошле пратениците, алејхиму селам. Возвишениот вели:
„Ние ти објавуваме тебе како што му објавувавме на Нух и на веровесниците по него, а му објавивме и на Ибрахим, и на Исмаил, и на Исхак, и на Јакуб и на внуците, и на Иса, и на Ејуб, и на Јунус, и на Харун, и на Сулејман, а на Давуд му го дадовме Зебурот.“
(Сура Ен Ниса, 163)
Возвишениот исто така вели:
„Тој ви го пропишува во верата истото тоа што му го наредил и на Нух и тоа што ти го објавуваме тебе, и тоа што му го наредивме на Ибрахим и на Муса и на Иса: ,Вистинската вера исповедајте ја и во тоа не се раздвојувајте!' Тешко им е на многубошците да се одѕвијат на твојот повик. Аллах за Својата вера одбира кого Тој сака и го упатува во неа тој што искрено ќе Му се обрати.“
(Еш Шура, 13)
Возвишениот Аллах ја укажа Својата милост кон световите со неговото испраќање. Роден е во Мека, и во неа беше испратен како пратеник до сите џини и луѓе. Кога беше испратен како пратеник имаше четириесет години, потоа направи хиџра во Медина, каде што почина на шеесет и три години.
А за оној кој живеел во времето на мисијата на Веровесникот ﷺ, нема друг пат до Џенетот освен преку верување во него и негово следење. Божјиот пратеник ﷺ рекол:
„Се колнам во Оној во чија рака е душата на Мухамед, нема никој од овој умет – ниту Евреин ниту христијанин – што ќе чуе за мене, па ќе умре и нема да поверува во она со кое сум испратен, а да не биде од жителите на Огнот.“
(Муслим)
Возвишениот Аллах, вели:
„Нун. Се колнам во перото и во тоа што тие (мелеците) го пишуваат,
ти не си, со милоста на Господарот свој, луд;
ти сигурно награда непрекидна ќе добиеш,
бидејќи ти навистина имаш најдобар карактер.“
(Ел Калем, 1-4)
И од Абдулах бин Селам, радијаллаху анху, се пренесува дека рекол:
„Кога Божјиот пратеник ﷺ пристигна во Медина, луѓето се собраа околу него и се говореше: ,Пристигна Божјиот пратеник ﷺ!’ Потоа и јас дојдов меѓу луѓето за да го видам. Кога јасно го видов лицето на Божјиот пратеник ﷺ, знаев дека неговото лице не е лице на лажливец.“
Го бележат Тирмизи (2485) и Ибн Маџе (1334)
Хадисот е веродостоен. Аллаховиот благослов и мир нека се врз нашиот пратеник Мухамед.
Види: „Ел-Фусул фи сиретир-ресул“ од Ибн Кесир и „Ер-Рахик ел-мехтум“ од Ел-Мубарекфури.
المصدر
ملاحظات
--