Зошто нè создал Аллах и која е целта на нашето постоење?
- محاور التعريف بالإسلام
- الغاية من خلق الإنسان ومعنى الحياة
- مصدر الإجابة
- قسم الإيمان | كتاب: الإسلام دين رب العالمين، ص 9
- الباب / الفصل
- (قسم الإيمان)
السؤال
Зошто нè создал Аллах и која е целта на нашето постоење?
الجواب
За мудроста на нашето создавање и целта на нашето постоење нè известил Сезнајниот и Сèизвестениот, кога во Својата возвишена Книга вели:
„Џините и луѓето ги создадов само за да Ме обожуваат.“
(Ез Заријат, 56)
Ова е целта поради која Аллах ги создал џините и луѓето и поради која ги испратил сите пратеници да повикуваат кон неа, а тоа е обожувањето на Него — кое опфаќа спознавање на Него, љубов кон Него, враќање и свртување кон Него, како и оддалечување од сè друго освен од Него.
Кој ќе се оддалечи од оваа цел ја заслужува Аллаховата казна, а кој ќе ја исполни — ја заслужува вечната благосостојба. Возвишениот вели:
„На тој што прави добро, било маж или жена, а верник е, Ние ќе му дадеме да проживее убав живот и навистина ќе ги наградиме според подоброто што го правеле.“
(Ен Нахл, 97).